Филогенетско дрво

Од Википедија — слободната енциклопедија

Филогенетското дрво (еволуционо дрво, дрво на животот) е дрво кое ги одразува еволуционите поврзаности меѓу различните видови или други ентитети кои имаат заеднички предок.

Филогенетско дрво засновано на rRNA гени

Врвовите на филогенетското дрво се делат на три класи: листови, јазли и (максимум еден) корен. Листовите се крајните врвови, т. е. тие врвови кон кои се насочува само една линија; секој лист претставува некој вид на жив организам (или објект кој подлежи на еволуција, како на пример, домен на белковината). Секој јазол претставува еволуциски настан: разделување на видот-предок на два или повеќе видови кои понатаму еволуираат независно. Коренот го претставува заедничкиот предок на сите набљудувани објекти. Линиите на филогенетското дрво се нарекуваат ,,гранки‘‘.

Идејата за ,,дрвото‘‘ се појавила во раните размислувања за животот, како процес на развиток од попрости кон посложени форми. Современите еволуциони биолози и натаму го користат дрвото како илустрација на еволуцијата, односно го прикажуваат развитокот и потеклото на видовите.