Фестивал на книги кои се јадат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Меѓународниот фестивал на книги кои се јадат, или уште какошто е познат Денот на книги кои се јадат, се одржува секоја година на или околу први април.[1] Глобалниот настан се прославува секоја година од почетокот на вториот милениум од нашата ера, на различни локации низ целиот свет. Креациите обично пред да се козумираат се фотографираат и се поставуваат на веб-страната www.books2eat.com, како би биле споделени со целата светска популација и зачувани како нематеријално културно наследство.[1][2] Редовни допринесувачи се разни групи од Австралија, Бразил, Индија, Италија, Јапонија, Луксембург, Мексико, Мароко, Монако, Русија, Холандија и Хонг Конг. Настанот е поттикнат од Џудит А. Хофберг и Беатрис Корон во 2000 година.[1]

Корицата на "La Physiologie du Goût" ("Психологија на вкусот") од францускиот гастроном Жан Антелм Брилат-Саварин (1755-1826) со потрет на авторот.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 WRITE BITE“, „The Week“, Malayala Manorama Publications Kochi, Kerala., 21 март 2010 (конс. 18 март 2010).
  2. „Book2eat gallery“. Colophon Page. http://www.colophon.com/ediblebooks/photos.html. конс. 18 март 2010. 

Надворешни врски[уреди]