Фаустино Асприља

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фаустино Асприља
Faustino Asprilla
Tinoasprillaandme.png
Лични податоци
Роден на 10 ноември 1969 (1969-11-10) (44 г.)
Роден во Тулуа, Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Положба напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1989 Депортиво Кукута 36 (17)
1989-1992 Атлетико Насионал 78 (35)
1992–1996 Парма 84 (25)
1996-1998 Њукасл Јунајтед 48 (9)
1998-1999 Парма 22 (1)
1999-2000 Палмеирас 54 (12)
2000-2001 Флуминенсе 12 (8)
2001-2002 Атланте 12 (3)
2002-2003 Атлетико Насионал 11 (3)
2003 Универсидад де Чиле 13 (5)
2003-2004 Естудијантес 2 (0)
Репрезентација
1993-2001 Колумбија 57 (20)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Фаустино Eрнан "Тино" Асприља Хинестроза (роден на 10 ноември 1969 година во Тулуа) е поранешен колумбиски фудбалер, напаѓач, активен во периодот 1988-2004.

Кариера[уреди]

Клубови[уреди]

Почетоците во Колумбија[уреди]

Тој ги направил својте први фудбалски чекори во Школата Карлос Сармиенто Лора[1], од каде се преселил во Депортиво Кукута, каде што тој го направил своето деби за првиот тим во 1988 година. Во својата прва сезона имал резултат од 17 постигнати гола во 36 натпревари, кои му донеле повик во клубот кој доминирал во тоа време на колумбиската фудбалска сцена, Атлетико Насионал. Асприља настапувал за Атлетико до 1992 година, напуштајќи го по 75 одиграни натпревари и 35 постигнати гола за да се пресели во Европа.

Парма[уреди]

Напаѓачот од Јужна Америка во 1992 година бил купен од италијанската Парма за неколку милијарди лири. По краток период на аклиматизација и некоја првична недоверба од страна на тренерот Скала, Асприља се издвојува како втор напаѓач во стартната постава на тимот заедно со Алесандро Мели. Својата прва сезона во Италија ја затворил со 27 настапи и 7 голови во лигата. Посебно важен погодок бил оној кој го постигнал против Милан на Сан Сиро на 21 март 1993, со прекрасно изведен слободен удар од 27 јарди, носејќи и победа на Парма со 1-0, со што ја прекинал серијата на росонерите од 58 натпревари без пораз.[2] Играјќи за Парма, Асприља уживал веројатно во неговиот најголем клупски успех. Асприља бил дел од тимот, кој го освоил првиот клупски меѓународен турнир, на Купот на победниците на куповите, постигнувајќи четири гола во осум натпревари. Тој постигнал два гола во Шпанија, каде што италијанскиот тим победил со 2-1 против Атлетико Мадрид во полуфиналето. Сепак, поради повреда тој останал неискористена замена во финалето кога Парма го порази белгискиот клуб Ројал Антверпен со 3-1.[2]

Во почетокот на 1994 година, Асприља настапил за Парма во натпреварот против Милан на Сан Сиро во кој млекарите победиле со 0-2, со што го анулирале дефицитот од 0-1 во првиот натпревар за да го освојат Европскиот суперкуп.

Исто така во сезоната 1993-94, Парма стигнала до второ финале во Купот на победниците на куповите. Сепак, овојпат таму биле поразени од Арсенал со 1-0, што значеше дека нема да можат да го одбранат трофејот освоен една година претходно.

Во сезоната 1994-95, Парма повторно стигнала до финалето на големите европски натпреварување, каде тие се соочиле со италијанските сонародници Јувентус во финалето на Купот на УЕФА. Асприља имал важен придонес за клубот на патот до финалето, со три гола во текот на полуфиналниот двомеч против германскиот Баер Леверкузен.[3] Во двата финални натпревари, Асприља бил во стартниот состав кога Парма го совладала Јувентус со вкупен резултат 2-1.

На почетокот на сезоната 1995-96, Асприља испаднал од стартната постава. Во февруари 1996 година, откако направил само 6 настапи во првите 5 месеци од сезоната,[4] го напуштил клубот и му се приклучил на англискиот лидер Њукасл Јунајтед за 6,7 милиони £.

За време на неговиот прв престој во Парма, Асприља постигнал 25 гола во 84 настапи во Серија А.[4] Тој се смета за еден од најголемите играчи во златниот период на Парма во 1990-тите години.[5] Во неговите три целосни сезони со клубот, Парма завршила на 3-тото, 5-тото и уште едно 3-то место во Серија А. Клубот исто така, стигнал до финалето на европските турнири во секоја од овие сезони.

Њукасл Јунајтед[уреди]

Откако го комплетирал својот трансфер во Њукасл Јунајтед во Премиер лигата, Асприља го имал своето деби во англискиот фудбал на 10 февруари, 1996 во Tyne–Tees дербито на Риверсајд против Мидлзборо. Тој влегол во игра во 67-мата минута како замена на местото на Кит Гилеспи при негатива на Њукасл од 1-0 и само седум минути подоцна му асистирал на Стив Вотсон за израмнувачкиот погодок.[6] Подоцна Лес Фердинанд го постигнал победничкиот гол за чавките со што го комплетирал пресвртот.[7] Неговиот прв гол за новиот клуб дошол две кола подоцна во ремито 3-3 со Манчестер Сити. За жал неговата прва сезона во клубот од северот ќе биде разорена од непостојаноста и инцидентите надвор од теренот поради кој токму Асприља бил обвинет како една од причините што Њукасл ја загубил битката за насловот во Премиер лигата (1995-96) од подоцнежните шампиони Манчестер Јунајтед.

Втората сезона на Асприља во Њукасл завршила со освојување на второто место во Премиер лигата, уште еднаш зад шампионот Манчестер Јунајтед. Неговата улога била во голема мера намалена откако го загубил првотимскиот статус и најчесто влегувал како замена, иако тој ги задржал својте најдобри клупски настапи во Купот на УЕФА, каде во оваа кампања постигнал 5 гола. Неговата бурна прослава на голот што го постигнал против Мец, при што тој го соблекол дресот и се свртел кон корнер знаменцето, резултирало со добивање на жолт картон, поради што тој го пропуштил следниот натпревар од Купот на УЕФА против Монако, кој Њукасл го чинел елиминација. Во првенството постигнал 4 гола во 24 настапи од кој посебно се за памтење оние против ривалите Ливерпул (пораз 4-3) и Челзи (победа 3-1).

Сезоната 1997/98 ќе биде последна во клубот за популарниот "Тино" како што го нарекувале фановите на Њукасл. Со продажбата на напаѓачот Лес Фердинанд во Тотенхем, и сериозната повреда на Алан Ширер за време на пред-сезонските подготовки, Асприља се наметнал како прв избор во нападот заедно со младиот и неискусен данец, Јон Дал Томасон. Со клубот се натпреварува во Лигата на шампионите таа сезона, а најдобриот натпревар на црномурестиот колумбиец за Њукасл дошол во победата со 3-2 над Барселона во незаборавен натпревар одигран на Сент Џејмс Парк, кога тој постигнал хет-трик; првиот гол од пенал кој самиот го заработил, а вториот и третиот гол се речиси идентични со удар со глава од непосредна близина по одличните центаршутеви на Кит Гилеспи од десната страна.[8] Сепак, овие три гола постигнати рано во сезоната (уште во септември) ќе бидат последните негови голови за клубот. Во јануари 1998 година, откако Њукасл испаднал од Лигата на шампионите и бил надвор од битката за титулата во Премиер лигата, менаџерот на тимот Кени Далглиш изјавил дека го губи трпението кон Асприља и тој е продаден назад во Парма за 6 милиони £, откако постигнал вкупно само 9 гола во 48 првенствени настапи, но и импресивен скор од 9 гола во 11 европски натпревари.

Враќање во Парма[уреди]

Англиското искуство на Асприља траеше точно две години, кога тој се вратил во Парма во јануари 1998 година.[9] Ни по враќањето во Италија нема да биде во можност да ги пружи оние игри кој ги прикажал во овој клуб во раните 90-ти и по сезона и пол (22 настапи и само 1 гол), дефинитивно ќе ја напушти Европа; во меѓувреме го освојува својот втор наслов во Купот на УЕФА (1999) и титулата во Купот на Италија (1999).

Последните години од кариерата[уреди]

Откако ја напуштил Европа, Асприља одлучи да се врати во Јужна Америка, поточно се сели во Бразил, пред каде потпишал договор со Палмеирас (во 1999 година, 54 настапи и 12 гола), а потоа и со Флуминенсе (12 настапи и 8 гола), каде што тој за последен пат ја покажал својата класа.

По заминувањето од Бразил играл во Мексико Атланте, во својата родна Колумбија повторно настапувал за Атлетико Насионал, а во Чиле за Унивесидад де Чиле. Кариерата ја завршил после неколку настапи во Аргентина за екипата на Естудијантес (2004), иако еден краток период играл и во тимот од неговиот роден град, Кортулуа. Во 2002 имало најави дека Асприља можеби ќе се врати во Англија каде требало да игра за третолигашот Дарлингтон.

Во 2004 година тој бил многу блиску до враќање на фудбалските терени во Италија, каде требало да игра за тимот од Серија Д Вале Д'Аоста каде тренер бил неговиот пријател и поранешен тимски колега од деновите во Парма Марко Осио, но договорот пропаднал поради проблеми со членството.

Официјално на 15 март 2005, го објавува своето пензионирање од фудбалот, завршувајќи ја својата кариера со 331 натпреар и 112 гола во професионалните лиги.

На 11 септември 2013, Асприља играл на прошталниот натпревар на поранешниот голман на Њукасл, Стив Харпер, против Милан.

Хет-трик[уреди]

Во својата долга и успешна кариера во која освоил грст трофеи Фаустино Асприља успеал да постигне три хет-трика. Покрај оној фамозен натпревар во дресот на Њукасл Јуајтед против Барселона во Лигата на шампионите, другите два ги постигнал за Парма од кој еден во Серија А и еден во Купот на УЕФА.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди]



Титули[уреди]

Колумбија Атлетико Насионал[уреди]

Италија Парма[уреди]

Чиле Универсидад де Чиле[уреди]

Бразил Палмеирас[уреди]

После фудбалот[уреди]

По завршувањето на фудбалската кариера, Фаустино Асприља имал понуда да се приклучи на една порно компанија.[10]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]