Фармакогнозија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Копија од книгата Materia Medica од Диоскорид , на арапски јазик (околу 1334 год.), во која се опишани медицинските карактеристики на некои растенија.

Фармакогозија е фармацевтска научна дисциплина којашто се занимава со проучување на природните лековити суровини (дроги). Во поширока смисла, таа се занимава со проучување на сите природни лековити материи што се употребуваат во медицината, а може да бидат од растително, животинско или од минерално потекло.