Фарадеев закон за индукција

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фарадеевиот закон)

Фарадеевиот закон за индукција опишува еден важен феномен кој е и основен закон на електромагнетизмот и кој се применува во рабоатата на трансформаторите, електричните генератори и други електрични машини. Законот гласи:[1]

Индуцираната електромоторна сила (ЕМС) во затворено коло е еднаква на брзината на промената на магнетниот тек низ колото.


Законот е откриен од Мајкл Фарадеј во 1831, а независно истовремено и од Џозеф Хенри.

Квантитативно, законот се изразува со следнава формула:[2]

.

кајшто

е електромоторната сила во волти,
ΦB е магнетниот тек (флукс) низ колото во вебери.

Насоката на електромоторната сила (ЕМС) е дадена со Ленцовиот закон.

Во принцип, постојат два начини да се врши промена на магнетниот тек низ електрично коло. Едниот, кој се користи кај трансформаторите, е со наизменична струја која создава променливо магнетно поле, а другиот, кој главно се користи кај генераторите, е кога електричното коло, (во случајов намотките на генераторот) ротираат низ статично магнетно поле, со што текот се менува.

Индукциона машина која се користи за демонстрација на електромагнетната индукција.

Електромагнетна и електростатичка индукција[уреди | уреди извор]

Феноменот на електромагнетната индукција не треба да се меша со електростатичката индукција која создава електрицитет преку триење или допир помеѓу два различно наелектризирани објекти.

Фарадеев закон во интегрална форма[уреди | уреди извор]

Максвел во 1855 ја ревидирал математичката формула на фарадеевиот закон, а во 1884 Оливие Хевисајд ѝ ја дал следната форма која се користи и денес:

кајшто

E и B се електричното и магнетното поле,
× означува промена
  означува делумен извод по времето при фиксно растојание r .[3]

Оваа форма на равенката е позната и како Максвел-Фарадеева равенка, или една од четирите Максвелови равенки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. See, for example, M N O Sadiku (2007). Elements of Electromagnetics (Fourth. изд.). NY/Oxford UK: Oxford University Press. стр. §9.2 pp. 386 ff. ISBN 0-19-530048-3.
  2. Tai L. Chow (2006). Electromagnetic theory. Sudbury MA: Jones and Bartlett. стр. Chapter 5; p. 171 ff. ISBN 0-7637-3827-1.
  3. For an explanation of why this equation does not explain motional EMF, see, for example, Griffiths Introduction to Electrodynamics, pp.301-3, or Feynman Lectures on Physics, Ch. II-17