Факултет за медицински науки - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Факултет за медицински науки - Штип

Основан: 2008
Тип: државен
Декан: доц. д-р Бистра Ангеловска
Локација: Штип, Македонија
Афилијации: Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
Мреж. место: fmn.ugd.edu.mk


За Факултетот[уреди]

Факултетот за медицински науки е јавна високообразовна и научна установа формирана со Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на државен Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (Сл. весник на РМ број 81/2008). По влегување во сила на овој Закон, студиските програми на Високата здравствена школа продолжуваат да се остваруваат во рамките на високообразовната дејност на Факултетот за медицински науки. Факултетот за медицински науки работи и делува во состав на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, вршејќи образовна, научна, истражувачка, развојна, применета, апликативна и друга креативна активност. Улогата и задачите на Факултетот се: пренесување на знаења, организирање на студии, развој и промоција на образованието и науката, развој на креативните способности, подготвување на студентите за занимање за што е потребна примена на стручни знаења и научни откритија, поттикнување на технолошкиот развој, развој на високостручна здравствена дејност и напредок на општеството во кое човекот ја презема одговорноста за својата сопствена иднина. Изведувањето на наставата, како и сите студиски програми, се усогласени според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), со цел да се продуцираат кадри кои ќе бидат едуцирани и специјализирани не само за потребите на нашите институции, туку и за пошироките светски рамки. Во дипломата се наведува бројот на постигнатите кредити според ЕКТС системот и средната оценка на успехот.

Организација и структура[уреди]

Функцијата декан на Факултетот за медицински науки ја врши доц. д-р Бистра Ангеловска, а продекан за настава е проф. д-р Татјана Рушковска[1].

Студиските програми е организирани во:

Прв циклус на студии[уреди]

Во првиот циклус на студии на Факултетот за медицински науки се изучуваат следниве студиски програми[2]:

  • Медицина
  • Стоматологија
  • Фармација
  • Стручни студии за:
    • Медицински сестри
    • Физиотерапевти
    • Лаборанти - стручни студии
    • Оптометрија и очна оптика
    • Забен техничар/протетичар
    • Акушерки

Првиот циклус студии по општа медицина е организиран во шест години, односно 12 семестри, од кои 10 семестри предавања и вежби, а 11 и 12 семестар реализирање задолжителен стаж, додека првиот циклус студии по стоматологија и фармација во пет години, со по 10 семестри. Стручните студии за медицински сестри, лаборанти, физиотерапевти, оптометристи и протетичари се организирани во три години или шест семестри. Вториот циклус - специјалистички студии се организирани во два семестра, односно една година.

По успешното комплетирање на потребниот број на кредити, дипломираните студенти се стекнуваат со звањето:

  • на Високата здравствена школа: дипломирана стручна медицинска сестра, дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, дипломиран стручен физиотерапевт, дипломиран оптометрист, дипломиран забен техничар/протетичар,
  • на Факултетот за медицински науки: доктор по медицина, дипломиран стоматолог, дипломиран фармацевт. Овој Факултет остварува и научноистажувачка дејност и на тој начин ги следи најновите методи и достигнувања на современата медицина.

Втор циклус на студии за Високата здравствена школа[уреди]

Во вториот циклус на студии на Факултетот за медицински науки се изучуваат следниве студиски програми[3]:

  • Специјализација за интензивна нега
  • Специјализација за гинекологија и акушерство
  • Специјализација за инструментарка
  • Специјализација за анестетичарка
  • Специјализација за семејна и патронажна сестра
  • Специјализација за ментално здравје
  • Специјализација за превенција на инфективни и неинфективни заболувања
  • Специјализација за трансфузионист
  • Специјализација за хемиско-биохемиска лабораторија
  • Специјализација за микробиолошка лабораторија
  • Специјализација за санитарно-хемиска лабораторија
  • Специјализација за рефлексотерапија и акупресура
  • Специјализација за кинезитерапија
  • Специјализација за рехабилитација на деца и корекција на телесни деформитети

Во вториот циклус на студии се предвидени шест испити и одбрана на задолжителен специјалистички труд од областа која ја специјализираат со реализирани 60 кредити. По завршувањето на специјалистичките стручни студии од втор циклус, дипломираните студенти се стекнуваат со звањето: специјализиран/а за одредено подрачје во зависност од насоката.

Научноистражувачка дејност[уреди]

Користејќи ги придобивките на интегриран Универзитет, Факултетот за медицински науки го поттикнува развојот на научноистражувачката дејност преку активностите на наставничкиот кадар и активно вклучување на студентите во постоечките проектни активности. Соработката со повеќе универзитети од развиените европски земји и нивната искрена желба нашиот Факултет и Универзитет да биде активно вклучен во постоечката мрежа на меѓународни и билатерални проекти, даваат реална можност за зголемување на активностите во научноистражувачката дејност. Добивањето на видливи резултати е знак на вистинскиот избор, посебно кога се работи за достигнувања на современите биомедицински науки.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]