ФОН Универзитет
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| ФОН Универзитет | |
|---|---|
| Зградата на универзитетот | |
|
|
|
| Основан: | 2003 |
| Тип: | Приватен Универзитет |
| Ректор: | Проф. Д-р Александар Николовски |
| Студенти: | 5300 |
| Локација: | Скопје, Република Македонија |
| Мреж. место: | fon.edu.mk |
ФОН е создаден во 2003 година како Европски Универзитет - Република Македонија. Од 2006, универзитетот егзистира под брендот ФОН-Универзитет. Универзитетот е комплетна институција која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги сите модерни средства и методи за едукација.
Факултети [уреди]
Во моментов ФОН-Универзитетот има акредитирано 10 факултети:
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки
- Факултет за применети странски јазици
- Факултет за детективи и безбедност
- Факултет за економски науки
- Факултет за животна средина
- Факултет за информациски и комуникациски науки
- Факултет за спорт и спортски менаџмент
- Факултет за арт и дизајн
- Филозофски факултет
Студии [уреди]
Универзитетот нуди до-дипломски, пост дипломски студии и докторски студии на сите од акредитираните факултети. Студирањето на ФОН се врши по Болоњскиот процес, со примена на европскиот систем за префрлање на кредити.