ФК Хадерсфилд Таун
| Целосно име | Huddersfield Town Football Club | |||
|---|---|---|---|---|
| Прекар(и) | Териерите | |||
| Основан | 1908 | |||
| Терен | Џон Смит'с Стадион Хадерсфилд, Англија (Капацитет: 24,500) |
|||
| Претседател | ||||
| Менаџер | ||||
| Лига | Чемпионшип лига | |||
| 2010–11 | Лига Еден, 4-ти (изборена промоција преку плеј-оф) |
|||
| Веб страна | Официјално мрежно место | |||
|
||||
ФК Хадерсфилд Таун е англиски фудбалски клуб од градот Хадерсфилд, Западен Јоркшир. Во моментов клубот се натпреварува во Чемпионшип лигата, второто одделение на англискиот фудбал. Хадерсфилд е првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој успеал да освои три последователни титули шампион на Англија, освоени во сезоните 1923/24, 1924/25, 1925/26, најмногу благодарение на нивната тогашна легенда Херберт Чапман. Со ова достигнување Хадерсфилд е во друштво само на уште три други многу пославни тимови кои успеале да врзат три последователни титули по ред, а тие се Манчестер Јунјатед, Арсенал и Ливерпул. Но, овие три титули на Хадерсфилд за сега остануваат и единствените во историјата на клубот. Во 1922 година тимот го освоил и ФА Купот.
Своите домашни натпревари Хадерсфилд ги игра на Џон Смит'с Стадионот кој е со капацитет од 24.500 места. Од февруари, 2012, менаџер на клубот е Сајмон Грејсон.
Титули [уреди]
- Шампиони на Англија (3) : 1923/24, 1924/25, 1925/26
Второ место: 1926/27, 1927/28, 1933/34
- Шампиони на Втора Дивизија (1) : 1969/70
- Шампиони на Четврта Дивизија (1) : 1979/80
- ФА Куп шампиони (1) : 1922
Финалисти на ФА Куп (4) : 1920, 1928, 1930, 1938
- Черити Шилд-шампиони (1) : 1922