ФК Победа (Валандово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на фудбалскиот клуб

ФК Победа е фудбалски клуб од Валандово, Македонија[1]. Победа моментално игра во Третата фудбалска лига - Исток.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата фудбалска топка во Валандово ја донеле браќата Илија и Никола Костадинови уште во 1922 година. Првото име на клубот било Беласица, но во 1924 година го смениле името во Победа. Меѓутоа, сè до 1948 година, клубот неколкупати го менувал името: Голаш, Македонија, Пролетер за да во 1948 година одново го добие името Победа. По неуспешните квалификации за влегување во Македонската лига, 1966 против Индустријалец од Скопје и 1967 година против Љуботен, конечно за првпат Победа стана член на Македонската лига 1976/77 година кога го постигна најголемиот успех освојувајќи го второто место. Во сезоните 79 и 81 Победа била петта, но 1984 година поради финансиски проблеми испаднала од Македонската лига. Испаднала и од Втората лига 1986 година, но веќе наредната година се вратила пак. И потоа во 1994/95 година кога како шампион на Втората лига Љубисав Иванов и останатите членови на Управниот одбор не и дозволиле да игра во Македонската лига.


Победа во сезона 2020/21 е шампион во Општинската фудбалска лига на Валандово и се стекнува со право на учество во Третата фудбалска лига - Исток. Сезоната требало да започне во септември 2021 година, меѓутоа поради моменталните протоколи за заштита од Ковид-19 стартот е одложен и сезоната започнува дури на 20. март 2022 година. Победа од Валандово е учесник во новата сезона од Третата фудбалска лига - Исток.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ФК Победа“. Македонски фудбал. Посетено на 2011-12-11.
  2. „ОФИЦИЈАЛНО: Започнува новата сезона од Трета лига - Исток, ќе се натпреваруваат 10 екипи“. Архивирано од изворникот на 2022-03-07. Посетено на 2022-03-07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]