ФК Осогово (Кочани)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Осогово
Амблемот на ФК Осогово
Целосно име ФК Осогово Кочани
Прекар(и) Жетвари
Основан 1924
Стадион Стадион Никола Мантов
Капацитет 5.000
Претседател Славе Симеонов
Тренер Крсте Крстев
Лига Трета македонска лига - исток
2010/2011 1. место
Тимски бои
Kit body bluesidestripecollar.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Домашен дрес
Гостински дрес

ФК Осогово е македонски фудбалски клуб од Кочани, оформен во 1924 година [1], а во 1950 година го добива сегашниот назив. Клупски бои се жолто-сината, а клубот настапува на стадионот “Никола Мантов“ кој има капацитет од 5.000 гледачи.

Историја[уреди]

Историјата на фудбалот во Кочани започна во далечната 1924 година кога во градот е донесена првата фудбалска топка и е формиран првиот фудбалски клуб.

Првата фудбалска топка во Кочани ја донел Томе Ванѓелов во 1924 год. (тогашен претседател на општината Кочани), а веднаш потоа бил формиран и првиот фудбалски клуб “Султан Тепе“. Името неколкупати било менувано.ФК Витез, Хајдук за на крај да го добие името Осогово.

За фудбалот во Кочани зборуваат старите кочанци: “Игравме фудбал и пред 1924 година и тоа на улица со топка направена од партали. Минувачите подзастануваа, гледајќи како ние младите трчаме по еден тркалезен предмет што потскокнуваше пред нашите нозе и со повремено кревање на рацете ќе викневме: Гоол! Тие со чудење нè гледаа, некој од нив дури и ќе се прекрстеше гледајќи ги младите, испотени до гола кожа“.

Оттогаш фудбалот во Кочани почнал да се игра поорганизирано, со соседните градови, со кожена топка, со обележено игралиште, дресови, судија итн. За развојот на фудбалот во Кочани многу придонела изградбата на железничката пруга и првиот воз во Кочани на 1 јули 1926 година.

Најголемиот успех што го постигнала младинската екипа на Осогово е 1958 г. на Младинското фудбалско првенство на Македонија. И како победник екипата на "Осогово" учествувала во првенството на Југославија за млади. Првенството на Југославија тогаш се одржало во две групи: едната група играла во Шибеник и ја предводела "Црвена ѕвезда" од Белград, а втората играла во Белград предводена од "Партизан". Во оваа група покрај "Партизан" играле уште младите екипи на прволигашот од Загреб, "Динамо", прволигашот од Титоград, "Будуќност" и младите на "Осогово" од Кочани, член на Штипската потсојузна лига.

Овде фудбалерите на "Осогово" се претставиле во две различни изданија. Поради ненавремено известување од ФСМ за почетокот на натпреварите, управата на клубот не можела да резервира билети за вагоните за спиење, па младинците на "Осогово" целиот пат од Скопје до Белград го поминале стоејќи. Непроспиената ноќ во возот, претпладневното одење низ Белград барајќи го местото каде требало да бидат сместени предизвикало замор кај младинците на "Осогово". Во дуелот со големиот "Партизан" изгубилe со 13:0.

Вториот ден "Осогово" се сретнал со "Динамо" од Загреб, и тогаш веќе одморените младинци заиграле како што знаат, и големиот противник бил победен со 3:1. За треттиот меч со "Будуќност", на "Осогово" му одговарал и нерешен резултат па тренерот така и ја поставил играта. Натпреварот завршил 0:0, со што "Осогово" завршил втор во групата, оставајќи ги зад себе праволигашите "Динамо" (Загреб) и "Будуќност" (Титоград).

Подоцна "Осогово" влегува во Македонската лига каде покажува значајни резултати. Во 1988/89 година настапува во Меѓурепубличката лига. Натпреварувачката 1991/1992 г. "Осогово" се натпреварува во Третата сојузна лига и завршува на 9-то место.

Во првата натпреварувачка сезона во самостојна Република Македонија, "Осогово" е во средишниот дел од табелата. Понатаму следуваа слаби резултат, па во првенството 1995/1996 г. "Осогово" ја напушта Првата македонска лига.

Најголем успех на кочанскиот младински фудбал по осамостојувањето на Македонија е во 1996 г. кога "Осогово" во Скопје ја победува "Саса" со 2:0, со што го освојува Младинскиот куп на Македонија.

Потоа следуваат лоши игри, клупски превирања, промени на стручни штабови, недисциплина, препукувања меѓу спортските работници и како разултат на сето ова, "Осогово" полека, но сигурно тоне. Ја напушта Првата лига, а кратко време потоа и Втората лига. 2004/2005 година "Осогово" се најде во најнизок ранг од републичко натпреварување. По испаѓањето од Втората македонска лига, замира фудбалскиот интерес во градот.

Денес "Осогово" ги консoлидира своите редови. Има млад, искусен стручен штаб, докажан тренер, и што е најважно млади, талентирани играчи од кои се очекува во иднина со континуирани подготовки да го понесат товарот на екипата и да го вратат клубот во највисокиот ранг на натпреварувања.

Состав на тимот[уреди]

Екипата во 2008 година

голмани

  • Петар Лазаров
  • Игор Данев
  • Мишел Горгиев

одбрана

  • Драги Здравков
  • Ване Митев
  • Ивица Јаневски
  • Сашко Манчовски
  • Ангел Дамевски
  • Стеванчо Цветанов
  • Дени Манчовски

среден ред

  • Мирче Натков
  • Никола Постоловски
  • Зоран Шуманов
  • Бажо Коцев
  • Перо Данилов
  • Никола Карафилов

напад

  • Иван Митров
  • Драган Паунов
  • Драган Паунов
  • Ангелчо Арсов


Тренер

  • Крсте Крстев

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]