ФК Њујорк Ред Булс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Њујорк Ред Булс
Целосно име Њујорк Ред Булс
Прекар(и) Ред Булси , Метроси
Основан 1995 како Њујорк Метростарс
Терен Ред Бул Арена
Харисон, Њу Џерси
(Капацитет: 41,000)
Сопственик Red Bull GmbH
Тренер САДМајк Петке
Лига МЛС
2012 Источна Конференција: 3-ти
Вкупно: 4-ти
Плеј-оф: четвртфинале
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm REDBULL 13h.png
Team colours
Kit body REDBULL 13h.png
Team colours
Kit right arm REDBULL 13h.png
Team colours
Kit shorts adidaswhite2011.png
Team colours
Kit socks 3 stripes red.png
Team colours
Домашни бои
Kit left arm adidasaltwhite2.png
Team colours
Kit body REDBULL 12a.png
Team colours
Kit right arm adidasaltwhite2.png
Team colours
Kit shorts adidasstripeswhite2.png
Team colours
Kit socks 3 stripes white2.png
Team colours
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Њујорк Ред Булс е американски професионален фудбалски клуб со седиште во Харисон, Њу Џерси, кој ја претставува Њујоршката метрополитенска област. Тимот се натпреварува во источната конференција во МЛС лигата. Тимот е еден од десетте чартер клубови на МЛС, откако се натпреварува во лигата од своето основање. Тие се едни од основачите на МЛС (во 1996), но клубот поминал низ неколку промени на името. Клубот првично бил познат како Њујорк / Њу Џерси Метростарс до 1997 година. Од сезоната 1998 до сезоната 2005, клубот бил познат како Метростарс. На 9 март 2006 година, тимот бил продаден на Red Bull GmbH, што доведува до сегашното име на тимот.

Тие се само оригинална МЛС франшиза и досега немаат освоено никакви значајни трофеи (вклучувајќи ги регуларниот дел од сезоната, плејофот, и нокаут конкуренцијата) од почетокот. Најдобриот резултат на клубот во една МЛС сезона било достигнувањето до финалето на МЛС Купот во 2008 година. Во ЈУЕС Опен купот, Метростарс стигнал до полуфиналето три пати (1997, 1998, 2000), пред да стигне до своето прво финале во 2003, каде биле поразени со 1-0 од Чикаго Фајр. На 26 август, 2000, играчот на Метростарс Клинт Матис поставил рекорд во МЛС постигнувајќи пет гола на еден натпревар против Далас Брн.

Некои добро познати играчи кои играле за клубот се: Џовани Саваресе, Тим Хауард, Тони Меола, Теб Рамос, Алекси Лалас, Клинт Матис, Жози Алтидор, Мајкл Бредли, Клаудио Реина, Еди Поуп, Роберто Донадони, Лотар Матеус, Адолфо Валенсија, Јури Џоркаеф, Амадо Гевара, Хуан Пабло Анхел, Тјери Анри, Жунињо Пернамбукано, Јан Гунар Соли, Тим Рим, Рафаел Маркез и Тим Кејхил. Тимот исто така имал добро-познати тренери, вклучувајќи ги Карлос Кеирош, Карлос Алберто Пареира, Бора Милутиновиќ, Боб Бредли, Мо Џонстон, Брус Арина и Ханс Баке.[1][2]

Историја[уреди]

Оригиналното име на клубот било Емпајр Фудбал Клуб,[3] која го добила името по најголемата групата на навивачи на тимот, Емпајр Сапортерс Клуб. Официјални сопственици на клубот биле Џон Клуге и Стјуарт Саботник[3] Најк сакале целосното име да биде Метрофлеш, но било избрано името Метростарс.

Теб Рамос, првиот играч кој потпишал со МЛС, станал првиот Метростар, а наскоро кон него биле придодадени и тимскиот колега од репрезентацијата на САД на Светското првенство 1994 Тони Меола и поранешната ѕвезда на Милан, играчот од средниот ред Роберто Донадони. Играчот кој настапувал на Светското првенство 1990, Питер Вермес бил прогласен за прв капитен на тимот, но тоа било претходно пред во клубот да дојде непознатиот венецуеланец Џовани Саваресе кој станал првата ѕвезда на Метростарс. Првиот тренер на тимот бил Еди Фирмани.[4]

Моментални играчи[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 САД ГМ Кевин Хартман (капитен)
2 САД СР Јан Кристијансон
3 САД ОД Хит Пирс
4 Колумбија ОД Хамисон Олаве
5 Шведска ОД Маркус Холгерсон
6 Бразил ОД Дигао
7 Костарика ОД Рој Милер
8 Бразил СР Жунињо
9 Аргентина НП Фабијан Еспиндола
10 Англија СР Лојд Сам
11 САД СР Дакс МекКарти
12 САД СР Ерик Александер
13 Камерун СР Мариус Обекоп
14 Франција НП Тјери Анри
Бр. Нац. Позиција Играч
15 САД НП Андре Акпан
16 САД ОД Конор Лејд
17 Австралија СР Тим Кејхил
18 САД ГМ Рајан Миара
19 САД НП Амандо Морено
20 САД ОД Мат Миазга
21 Шпанија СР Рубен Бовер
22 Северна Ирска СР Џони Стил
23 Колумбија СР Михаел Бустаманте
24 САД ГМ Сантиаго Кастано
25 САД ОД Брендон Барклеиџ
27 Јапонија ОД Косуке Кимура
31 САД ГМ Луис Роблес
88 Франција НП Пеги Луиндула

Титули[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]