Учебникарска дејност во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во Македонија кон средината на 19 век почнало да се поставува прашањето за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература.

Во ова време Галичник бил голем економски центар (мал град, поголем од Гостивар), па токму од таму потекнуваат двајцата застапувачи за создавање литературен јазик.

Тие имале две различни гледишта:

Ѓорѓија Пулевски, самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог е најизразитиот и најголемиот македонист во ова време.

Освен овие, напишал и прирачник за учење на македонскиот јазик „Јазичница“.

(Извадок од „Тријазичникот“ каде јасно ја изразува идејата за посебноста на македонскиот народ:

Што се велит народ? - Народ се велит људи који се од еден род и који зборувајет еднаков збор и који живувајет и се другарат еден со други и који имејет једнакви обичаји и песни и весеља. Тие људите ји викајет народ, а место во које живуват народ се велит отчество од тој народ. Така и Македонците се народ и местово нивно је Македонија.)


Од овој период (втората половина на 19 век) Ѓорѓија Пулевски е единствениот и најсилниот поборник за посебноста на македонскиот народ.

Во ова време, Јордан Хаџи Константинов - Џинот учителствувал во Велес и Скопје, пишувал песни и драмски текстови за потребите на училиштето и сето тоа го правел на народен јазик. Ја напишал „Таблица перваја“, првиот буквар (кој всушност бил нешто налик на ѕиден весник).

И Шапкарев пишувал учебници, но на бугарски јазик. Освен, осмата книга „Мајчин јазик- буквар“, напишан на охридски говор.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Македонски јазик и литература - втора година, реформирано гимназиско образование