Утман Таха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Утман Таха
عثمان طه
Роден(а) Алепо, Сирија
Националност Сириец
Занимање арапски калиграф
Вера сунитски ислам
Родители Абду Таха Хусеин

Утман ибн Абдух ибн Хусејн ибн Таха (најчесто само Утман Таха, арапски: عثمان طه) е арапски калиграф прочуен по тоа што рачно го изработил мусхафот (книжното издание) на Куранот што се издава во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот како официјален.[1]

Таха е роден во 1934 г. во предградие на Алепо, Сирија. Дипломирал шеријатско право на Дамаскиот универзитет, а студирал и арапски јазик, исламски декоративни уметности и сликарство.[1] Добил стручно калиграфско уверение кај Хамид ел-Амиди, таканеречениот мајстор на сите калиграфи во исламскиот свет. Учел калиграфија и кај Муахамед Али ел-Мевлеви, Ибрахим ел-Рифаи (во Алепо), Мухамед Бедеви ел-Дијрани (во Дамаск) и Хашим ел-Багдади.[2]

Првиот мусхаф (пишан примерок на Куранот) го изработил во 1970 г.[1] Во 1988 престојувал во Саудиска Арабија, и заради неговиот извонредно убав, јасен и лесно читлив стил бил назначен за краснописец и калиграф во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот во Медина.[1] Истата година бил избран и за член на стручната жири комисија за доделување на Наградата за арапска калиграфија која се одржува на секои три години во Истанбул.

За време на 18-те години работа во комплексот „Крал Фахд“, Утман има изработено четири мусхафи[1] од кои се дистрибуирани 200 милиони примероци ширум светот.[1] За три децении работа Таха изработил дури 10 масхафи.[1] Најчесто еден мусхаф бара повеќе од 3 години пишување и уште една година за лектура и коректура.[1]


Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Гави, Ахмад. „Утман Таха“, весник ЕлРијад, 23 ноември 2006.
  2. Статија на арапската Википедија (арапски)