Уринирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манекен Пис, статуата на момчето кое мокри во Брисел

Уринирање (латински: minctio, разговорно: мокрење или мочање) е физиолошки процес што претставува исфрлање на урината од мочниот меур преку мочниот канал надвор од телото.

Опис[уреди]

Вообичаено, уринирањето се врши контролирано, со волја на човекот, при дразба за уринирање. Кај многу мали деца и при одредени заболувања, недостасува контрола над уринирањето. Медицинскиот назив за оваа појава е инконтиненција (разговорно: помочување).

Диуреза[уреди]

Количеството на излачената урина за едно деноноќие се нарекува диуреза (грч. di-, uron урина = излачување урина)[1]. Нормалното количество на излачена урина за 24 часа кај жените изнесува од 1000—1500 ml, а кај мажите до 1800 ml.

Состојбата при која се исфрла мало количество (под 500 ml/24h) урина се нарекува олигурија. Причина за тоа може да биде дехидрирањето, проблеми со срцето или бубрезите и др. или по поголемо крварење (на пример, по операција).

Недостатокот од диуреза или исклучително оскудната диуреза (под 150 ml/24h) се нарекува анурија, а кога диурезата е поголема од нормалното, состојбата се нарекува полиурија[2]. Нормално е преку ден да се исфрла повеќе урина отколку преку ноќта. Кога таквата рамнотежа е нарушена, се користи терминот никтурија и најчесто се забележува при срцеви слабости. Неможноста урината да се исфрли низ мочниот канал се нарекува ретенција (задржување), а неконтролираното уринирање во текот на ноќта се нарекува енурезис.

Наводи[уреди]

  1. Диуреза, www.babylon.com
  2. Полиурија, www.zazdravje.com.mk