Урбани легенди

Од Википедија — слободната енциклопедија

Речиси секое населено место и си има своја урбана легенда за која се зборува во одреден ден во годината или се прераскажува кога ќе се спомене некоја фамилија со несреќна судбина.Во многу градови понекогаш ваквите морничави приказни се прекажуваат од еден на друг, не се само да објаснат некоја несватлива појава туку и да поучат на некои негативности од современото живеење. Исто како што во минатото се создавале легенди за настанување на светот, природните појави и развојот на човештвото, така и денес постојат легенди за дообјаснување на некои не пријатни случивања.

Легендите најчесто во себе опишуваат некоја свтеа личност или го објаснуваат настанокот на земјата, месечината и ѕвездите, а пак во преданијатаа се опишува настанокот на некој манастир, црква или град. Легендите и преданијата со текот на времето се дополнувале од страна на нивните кажувачи и препишувачи со цел да ги задржат свежината и реалноста.Овие народни кажувања се важен дел од традицијата на секоја култура, а многу современи автори своите ромеани ги создаваат врз основа на некое вакво кажување.

Легенда[уреди | уреди извор]

Во легендата за небесните тела напишани од Марко Цепенков, се вели дека денот и ноќта се две клопчиња, едното бело а другоро црнно. Овие клопчиња се врзани едно за друго и нив Господ ги одмотува и решава кога да биде ден акога ноќ.

Предание[уреди | уреди извор]

Според едно предание, се верува дека името на градот Охрид му го дале жените кои переле на езерото. Тие со својот товар од мокри алишта, по напорниот ден кога требало да се вратат во своите домови ќе погледнеле накај градот и од мака извикувале: Ох! Рид!

Но што со легендите кои секојдневно кружат во вашите населби и градови? Речиси во секој град постои место на железничката пруга за кое се верува дека ноќе во определен ден од годината, се појавува духот на невестата која погинала токму на тоа место на денот на нејзината свадба и токму таму плачела за својот сакан. И секогаш постои некој кој ја видел, а тоа не си ти, а сепак делумно веруваш во тоа. Речиси во секоја населба постои куќа за која се верува дека е проколната и дека кој и да влезе во неа ќе доживее несреќа. Ваквите легенди кружат низ народот,а во последно време несреќните приказни стигнуваат и на нечија email адреса. Секако урбаните легенди се малку посовремени од оние што постојат во минатото. Со нив се прераскажува несреќната судбина на некои луѓе, особено ако нема доволно информации за тоа што ја предизвикало страшната семејна трагедија.

Examples of famous legends[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]