Универзитет „Св. Климент Охридски“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на универзитетот во Битола. За универзитетот во Софија, видете Софиски универзитет.
Универзитет „Св. Климент Охридски“
Логото на универзитетот Св. Климент Охридски

Основан: 25 април 1979
Тип: Државен
Ректор: проф. д-р Златко Жоглев
Студенти: 13.000 [1]
Локација: Битола, Република Македонија
Мреж. место: uklo.edu.mk

Универзитет „Свети Климент Охридски“високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г.

Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија.

На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009. [2]

Образовни установи[уреди]

Ректоратот на универзитетот.

Денес универзитетот вклучува десет факултети и една стручна школа како високообразовни единици, три научни институти, и две придружни членки[3].

Факултети[уреди]

Зградата на техничкиот факултет во Битола.

Институти[уреди]

Придружни членки[уреди]

Студии и наставници[уреди]

Универзитетот реализира наставно-образовен процес од 50 додипломски студиски програми, 49 студиски програми за последипломски студии и 10 студиски програми за докторски студии. На високообразовните установи на универзитетот студираат повеќе од 13.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 219 наставнички, 93 соработнички и 215 административно-технички кадар. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници.

Извори[уреди]

  1. УКЛО низ бројки
  2. Tера телевизија
  3. Единици на универзитетот на веб-местото на УКЛО

Надворешни врски[уреди]