Унгарски парламент

Координати: 47°30′25″N 19°2′44″E / 47.50694° СГШ; 19.04556° ИГД / 47.50694; 19.04556
Од Википедија — слободната енциклопедија

Унгарскиот парламент (унгарски: Országház) е седиштето на Народното собрание на Република Унгарија. Тој е еден од најстарите во Европа, а исто така претставува и значајна туристичка атракција во Будимпешта. Сместен е на плоштадот Кошут во Будимпешта, на левиот брег (Пешта) на реката Дунав. Моментално е најголемата зграда во Унгарија[1], како и втор по ред најголем парламент во Европа[2], а трет во светот.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Унгарскиот парламент.

Унгарскиот парламент е изграден во нео-готски стил по планот на Имре Штајиндл. Изградбата започнала во 1885 година, а е завршен во 1904 година. Во изградбата учествувале околу илјада работници работници; биле искористени 40 милиони тули, половина милион плочи од мек камен и 40 килограми злато.

Долг 268 метри и широк 123 метри. Внатрешноста вклучува 10 дворови, 13 патнички и товарни лифтови, 27 порти, 29 столбови и 691 соба (исто така и повеќе од 200 сервисни простории). Со својата височина од 96 метри, заедно со Базиликата Свети Стефан се моментално највисоките згради во Будимпешта. Фасадата е украсена со 242 скулптури на унгарски и трансилваниски владетели и на познати воени личности од унгарската историја, како Арпад, кралот Иштван I и Јанош Хуњади. Над прозорците може да се видат прикажани грбови на кралеви и херцози. Главната фасада е со поглед на Дунав, но главниот влез е од источната страна и претставува столб, украсен со два лава.

Зградата на унгарскиот парламент се одликува со својата величественост и убавина. Има 365 кули - за секој ден од годината, а висината од 96 метри е поврзана со полнењето илјада години во 1896 година, од кога Унгарците пристигнале во Панонија. Бидејќи е изграден од песочни камени на брегот на реката Дунав, влагата од реката секоја година му ги уништува ѕидовите, па поради тоа мора да му се вршат постојани поправки.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на бомбардирањата во Втората светска војна речиси бил целосно уништен, но после војната повторно е обновен и денеска Унгарците се гордеат со неговата величественост. Тој секако претставува еден од најубавите парламенти во Европа.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kul-túra
  2. „Hasznos informaciok, tajekoztatas, tippek es linkek a City Centre Apartments kkt. vendegei szamara“. Архивирано од изворникот на 2008-12-19. Посетено на 2010-06-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

47°30′25″N 19°2′44″E / 47.50694° СГШ; 19.04556° ИГД / 47.50694; 19.04556