Унгарска револуција (1848)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Унгарска револуција
Дел од револуциите од 1848

Слика на Михај Зичи, каде е прикажан Шандор Петефи како рецитира поема на 15 март 1848
Датум 15 март 1848 – 4 октомври 1849
(1 година, 6 месеци и 19 дена)
Место Кралство Унгарија, Австриско Царство
Исход Австро-руска победа, револуцијата е задушена
Завојувани страни

Руско Царство Руска Империја

Унгарија (април–август 1849)

Команданти и водачи
Австриско Царство Франц Јосиф I (по 2 декември 1848)

Австриско Царство Фердинанд I (пред 2 December 1848)
Австриско Царство Алфред I (принц од Виндиш-Грац)
Австриско Царство Лудвиг фон Велден
Австриско Царство Јулиус Јакоб фон Хајнау
Австриско Царство Јосип Јелачиќ
Австриско Царство Стеван Книќанин
Австриско Царство Људовит Штур
Австриско Царство Аврам Јанку
Австриско Царство Хрихоири Јакимович
Руско Царство Николај I
Руско Царство Иван Паскевич

Лајош Кошут

Лајош Батјани
Артур Гергеј
Ѓерѓ Клапка
Јанош Дамјанич
Лајош Аулич
Полска Хенрик Дембински
Полска Јозеф Бем
Полска Јозеф Висоцки
Петер Гирон
Алесандро Монти

Сила
170,000 луѓе од Австрија,
и 200,000 од Русија [1]
Почеток на 1849: 170,000 луѓе[2]

Унгарска револуција од 1848 (унгарски: 1848–49-es forradalom és szabadságharc) — револуција на унгарскиот народ која покрај општите обележја која ги делела со останатите европски востанија против феудализмот, ослободувањето на кметовите и борбите за другите човекови права, таа првенствено имала карактер на унгарска војна која се залагала за независна и самостојна држава.

Унгарија пред Револуцијата[уреди | уреди извор]

Кралството Унгарија имало отсекогаш посебен парламент, дури и по создавање на Австриското Царство во 1804 г.[3] Администрацијата и владата на Кралството Унгарија до 1848 г. останале недопрени од влијанието на Австриското Царство. Централната власт на Унгарија останала одвоена од царската власт. Со државата владеел совет на поручници на Унгарија сместен во Братислава а подоцна до Пешта, како и унгарскиот кралски двор во Виена.[4]

Унгарски Јакобински клуб[уреди | уреди извор]

По смрта на Светиот Римски цар Јосиф II, во февруари 1790 г. реформите во Унгарија престанале, поради што многумина франкофонски интелектуалци кои ги поддржувале радикалните идеи засновани на француската филозофија се изнервирале. Игнац Мартинович работел како таен агент за новиот Свет Римски цар, Леополд II до 1792 г. Во неговиот говор за Леополд II експлицитно изјавил дека авторитетот кој доаѓа од социјалниот статус треба да се препознае, за аристоктратијата рекол дека е непријател на човештвото, затоа што ги спречуваат луѓето да станат образовани. Во една од неговите дела „Катехизам на луѓето и граѓаните“, велел дека граѓаните се спротивставуваат на каква било репресија, и дека моќта е кај нив. Тој станал масон и се залагал за усвојување на федерална република во Унгарија. Како член на унгарските Јакобинци, него го сметале за идеалистички претходник на револуционерната мисла, а други го сметале за бескрупулозен авантурист. Тој бил главниот што го предизвикал револтот против благородниците. За ваквите субверзивни дела, Франц II го отпуштил Мартинович и неговиот шеф. Тој бил погубен заедно со шест други значајни Јакобинци, во мај 1795. Повеќе од 42 членови на тајното републиканско друштво биле уапсени, вклучувајќи го поетот Јанош Бачани и јазичарот Ференц Казинци[5][6][7][8][9]

Иако унгарското Јакобинско републиканско движење немало ефект врз политиката на унгарскиот парламент и партиите, имало голема идеолошка поврзаност со вонпарламентарните сили: радикалната младина и студентите како на пример поетот Шандор Петефи, филозофот и историчар Пал Васвари и романописецот Мор Јокаи, кои ја започнале револуцијата во кафе барот Пилвакс на 15 март 1848.[10]

Почеток на револуцијата[уреди | уреди извор]

Собранието на Унгарија не се состанало од 1811 г.[11]

Пораните состаноци биле главно поврзани со воени субвенции, a после 1811 г. состаноците престанале. Подоцна, за време на владеењето на Франц I силите на реакционерниот апсолутизам биле проширени. Но една струја почнала да се движи во спротивен правец. Унгарското општество било под влијаниео под западниот либерализам, и без помош од надвор се подгодвувало за еманципација. Писатели, учените луѓе, поетите, глумците, аристократите, плебејците и луѓето од законот без да се поврзат претходно работеле заедно кон поврзување на сите Унгарци. Многу големи имиња свесно или несвесно како претставници на популарната национална литература, извршиле политичка мисија, при која нивното пенкало било делотворно како и мечевите на нивните предци.[12]

Во 1825 г. царот Франц II го свикал собранието поради тоа што растело незадолството на унгарските аристократи за даноците и економијата која пропаѓала по Наполеоновите војни. Со ова се започнале реформите познати како „Период на реформи“. Но аристократите сè уште ја имале привилегијата да не плаќаат даноци и да не дозволат на народот да гласа.

Војводата Иштван Сечењи, еден влијаен политичар имал желба да ги донесе напредоците од западна Европа, како од Англија.

Било директен напад на уставот што во зборовите на Иштван најпрво го разбудил народот. Во 1823 г. реакционите сили планирале да ја спречат револуцијата во Шпанија, а власта, без состанок, поставила воен данок и присилна регрутација. Државните собранија уште веднаш се спротивставувале против неправдата, и Франц I бил оврзан кај соборот на 1823 г. да ги отрфли одлуките на неговите министери. Сечењи, кој имал живеено и студирано во западна Европа, бил сметан за водач на тие што сакале нова Унгарија. Со години тој со своите пријатели искажувале на народот со безброј памфлети за либерализам. Главно Сечењи велел дека народот не морал да угледува кон владата, ниту пак собранието за овие реформи. Народот самиот морал да ги прекрши пречките на класите и да го оживеат здравиот народен дух. Ефектот на ова учење се појавил на совранието во 1832 г., кога либералите од долиот дом имале мнозинство, меѓу кои биле Ференц Ференц Деак и Еден Бети. Додека пак во горниот дом, магнатите се здружиле со државата за да оформат консервативна партија која што спротивставувала какви било реформи.[12]

Поради зголемената моќ и популарност на либералната партија владата во паника пробувала да го уништи реформното движење и да ги уапси најактивните водачи веднаш од кога Фердинанд I (1835-1848 г.) бил на власт, како Лајош Кошут и Миклош Вешелењи. Соборот во 1839 г. не прифаќал да се продолжи ова додека да не се ослободат сите политички затвореници додека во долниот дом реформистичката партија била најголема од претходно, истовремено се формирала либерална партија во горниот дом под водство на војводата Лајош Батјани и баронот Јосиф Етвеш. Од 1000 до 1844 г, латински бил службен јазик на администрација, законодавство и школување во Кралство Унгарија. Две важни прогресивни закони биле усвоени во овој собор, еден од кој го направил Унгарски службен јазик на Унгарија а другиот ги ослободил селаните од сите феудални обврски.

Резултатите на соборот во 1839 г. не ги задоволиле либералите, додека опозицијата и Горниот Дом биле огорчени од општото незадоволство. Пешти Хирлап, унгарскиот водечки весник, кој бил основан во 1841 г., објавувал написи во кои се барало вооружена интервенција доколку е потребна. Полемиките од двете страни биле насилни, но екстремните погледи преовладувале, така што на собраниската седница во 1843. Кошут бил многу популарен, а влијанието на Сечењи опаднало. Тонот на овој собор бил емотивен, и владата била нападната бидејќи се мешала во изборите. Либералите освоиле победа. Унгарскиот јазик бил прогласен за јазик на училиштата и судовите како и во законодавството, мешаните бракови биле легализирани, а јавните функции биле отворени и за обичните луѓе.[12]

„Долгата дебата“ на реформистите во печатот (1841–1848)[уреди | уреди извор]

За време на паузата меѓу соборите од 1843 до 1847 г. се случила целосна дезинтеграција и трансформација на различните политички партии. Сечењи отворено се приклучил на владата, додека умерените либерали се одвоиле од екстремистите и оформиле нова партија, централисти.

Влезот на Пилвакс во Пешта во 1840-ти години
Изведбата на националната песна во Националниот музеј
Собран народ пред печатницата која ги објавила 12 точки и националната песна
Членовите на владата на Батјани

Во памфлетот од 1841 г. „Луѓе од истокот“ (Kelet Népe), војводата Сечењи ја анализирал политиката на Кошут и одговорил на неговите предлози за реформи. Сечењи верувал дека економските, политичките и социјалните реформи требало да се случат бавно и внимателно, за да се избегне потенцијалната катастрофа од можно насилно мешање на Хабсбуршката династија. Сечењи бил свесен дека идеите на Кошут се раширени низ унгарското општество, затоа укажа на потребата од добри релации со Хабсбуршката династија.

Кошут од негова страна ја отфрлил улогата на аристократијата и ги ставил под прашање нормите во социјалните статуси. За разлика од Сечењи, Кошут верувал дека при процесот на социјалните реформи невозможно е да го оставиш граѓанското општество во пасивна улога. Тој предупредувал против обидот да се исклучи широкото социјално движење од политичкиот живот и ја поддржувал демократијата, отфрлајќи ја предноста на елитите и владата. Во 1885 г., тој го нарекол Сечењи либерален елитист аристократ, додека Сечењи го нарекол Кошут демократ.[13]

Сечењи бил изолиран политичар, додека Кошут имал силни врски и соработка со интернационалните либерали и прогресивното движење.[14]

Сечењи ја базирал својата економска политика на принципот лесе-фер кој се практикувал во Британската Империја, додека Кошут поддржувал заштитни даноци порадо слабата унгарска индустрија. Кошут имал визија за брз развој на индустријата, а Сечењи сакал да ја задржи традиционално силното земјоделство како главна одлика на економијата.[15]

Дванаесетте точки на реформистите[уреди | уреди извор]

Конзервативци кои вообичаено се спротивставувале на повеќето реформи едвај успевале да имаат мнозинство во стариот феудален парламент, посебно затоа што либералите реформисти биле поделени меѓу идеите на Сечењи и Кошут.

Пред изборите, Деак успеал да ги обедини сите либерали под заедничката форма на „Дванаесетте точки“.[12]

  1. Слобода на печатот (Укинување на цензурата и канцеларијата на цензорот)
  2. Одговорни министри во Буда и Пешта (Сите министри и владата мора да бидат избрани од парламентот)
  3. Годишна парламентарна сесија во Пешта
  4. Цивилна и религиозна еднаквост пред законот (Укинување на одделни закони за обичните луѓе и аристократијата, забрана за правни привилегии на аристократијата, укинување на католицизмот како државна религија)
  5. Национална гарда (формирање на сопствена унгарска национална гарда)
  6. Заеднички даночни оптоварувања (Укинување на даночните исклучоци на аристократијата)
  7. Укинување на феудализмот (Укинување на крепостни селани)
  8. Судии и претставници на еднаква основа
  9. Национална банка
  10. Армијата ќе го поддржува уставот, нашите војници да не ги испраќаме во странство а странските војници да си заминат од нашата земја
  11. Ослобудување на политичките затвореници
  12. Сојуз (со Трансилванија)

[16]

Парламентарните избори завршиле со целосна победа на прогресивните. Ова биле исто така последни избори што биле во основа на парламентарниот систем од старата феудална држава. Сите напори што биле направени за да се помират владата и опозицијата не вродиле со плод. Кошут барал не само да се поправат актуелните неправди, туку либералната реформа да ги направи неправдите невозможни за иднина. Во највисоките кругови распуштањето на собранието личело како единствен лек, но пред да може да се изврши вестите за февруарската револуција во Париз стигнале во Презбург на 1 март, а на 3 март предлогот на Кошут за назначување независно и одговорно министерство било прифатено од Долниот дом. Умерените се обиделе да интервернираат не толку поради самиот предлог туку поради тонот, но на 13 март избила револуција во Виена и царот поради притисок или паника го назначил војводата Луј Бачани како премиер на првото унгарско одговорно министерство, во кое биле вклучени Кошут, Сечењи и Деак.[12]

Бескрвавата револуција во Пешта[уреди | уреди извор]

Унгарска кокарда користена во 1848

Кризата почна од надвор како што очекуваше Кошут, и целосно ја искористи. На 3 март 1848 г., откако пристигнаа вестите за француската револуција, во својот говор побара парламентарна влада за Унгарија и уставна влада за останатиот дел на Австрија. Тој сакал да ја искористи надежта на Хабсбуршката династија, „саканиот Аркдук Франц Јосиф" (кој тогаш бил седумнаесет годишен), да ја овековечи древната слава на династијата со тоа што барем половично ќе ги исполни желбите на слободните луѓе. Тој наеднаш стана водач на европската револуција, неговиот говор се читал на глас по улиците на Виена на народот, поради што Метерних бил тргнат на 13 март, и кога делегацијата на соборот ја посети Виена да го добијат одобрувањето на царот Фердинанд за нивната петиција, Кошут бил тој што ги примил главните овации. Пристигнувањето на вестите за револуцијата во Париз и говорот на Кошут за слобода и човекови права го поттикна австрискиот народ во Виена да застане на нивна страна на 13 март.[17] Додека народот во Виена го славел Кошут како нивни херој, се случила револуција во Будим на 15 март, и Кошут веднаш се вратил дома.[18]

Револуцијата започнала во Пилвакс во Пешта, што било популарно собирно место за младите радикални либерали и интелектуалци во 1840-ти години. Утрото на 15 март 1848 г., револуционерите маршираа околу градот Пешта, читајќи ја песната на Шандор Петефи Национална Песна и 12 точки (односно 12 барања), пред народот кој се броеше во илјадници. Барајќи крај на сите форми на цензура, тие ги посетија печатниците Ландерер и Хекенаст и ја отпечатија песната на Петефи заедно со барањата. Голема демонстрација се одвивала пред новоизградениот Национален музеј, по што групата заминала пред канцеларијата на главниот гувернер, на другиот брег од Дунав.

Бескрвавите масовни демонстрации во Пешта и Будим го натерале царскиот гувернер да ги прифати сите 12 барања. Австрија имала свои проблеми со револуцијата во Виена истата година, и на почеток ја призна унгарската влада. Поради тоа вработените во канцеларијата на гувернерот делувајќи во име на кралот назначиле нов парламент во Унгарија со Лајош Батјани како прв премиер.

Владата на Батјани[уреди | уреди извор]

Парламентарна изборна кампања за кандидати
5 јули 1848: Церемонијата за отворање на првиот парламент. Членовите на првата влада се на балконот.
Нападите на Јелачиќ во последната четвртина од 1848 г.
Битката кај Пакозд

На 17 март 1848 г. царот му дозволил на Батјани да ја создаде првата унгарска влада. На 23 март 1848 г., премиерот Батјани пред собранието ја претставил својата влада.

Членовите на владата биле:

Премиер: Лајош Батјани
Министер за внатрешни работи: Берталан Семере
Министер за финансии: Лајош Кошут
Министер за правда: Ференц Деак
Министер за одбрана: Лазар Месарош
Министер за земјоделство, индустрија и трговија: Габор Клаузал
Министер за труд, инфраструктура и транспорт: Иштван Сечењи
Министер за образование, наука и култура: Јосиф Етвеш
Министер покрај кралот (налик на министер за надворешни работи): Пал Антал

Со исклучок на Лајош Кошут сите членови на владата ги поддржувале идеите на Сечењи.

Десетте точки или мартовските закони како што ги нарекувале биле усвоена од законодавството и добиле кралско одобрување на 10 април. Според сите намери, Унгарија станала независна држава врзана за Австрија само со австрискиот архдук како палатин.[12] Новата влада одобрила реформистички закони, кои биле наречени "Априлските закони", што создале демократски политички систем.[19] Ново воспоставената влада исто така барала од Хабсбуршката империја да ги искористи во Унгарија парите од даноци собрани во Унгарија, и за парламентот да владее со унгарските регименти на хабсбуршката армија.

Првите парламентарни избори се одржале во јуни, и не биле спроведени врз основа на феудалните форми, туку политичките сили кои биле реформски ориентирани можат да ги добијат изборите. Изборниот систем бил сличен на денешниот британски систем.[20]

Тогаш внатрешната и надворешната политика на Унгарија не била стабилна и Батјани се соочил со многу проблеми. Неговиот прво и најважно делување било да ја организира армијата и локалните влади. Тој инсистирал австриската армија кога е во Унгарија да делува под унгарските закони и ова било прифатено од Австриското Царство. Тој пробал повторно да ги придобие платените војници од Унгарија. Тој организирал милиција, чија работа била да ја осигура внатрешната сигурност во земјата.

Батјани бил многу способен водач, но тој заглавил среде судирот меѓу австриската монархија и унгарските сепаратисти. Тој бил посветен на уставна монархија и имал за цел да го зачува уставот, но царот бил незадоволен од неговата работа.

Јосип Јелачиќ бил бан на Хрватска и Далмација, региони кои биле вклучени во Кралството Унгарија. Тој се спротивставил на новата унгарска влада, и собрал војска во неговата територија.

Во летото на 1848 г., унгарската влада кога воочила дека се спрема граѓанска војна се обидела да добие поддршка од Хабсбуршката монархија против Јелачиќ. Тие понудиле да испратат трупи во северна Италија. Во август 1848 г. царската влада во Виена официјално и наредила на унгарската влада во Пешта да не собере армија.

На 29 август, со одобрување од парламентот, Батјани отишол со Ференц Деак кај царот да го праша да им нареди на Србите да го запрат Јелачиќ, кој се спремал да ја нападне Унгарија. Но Јелачиќ ја нападнал Унгарија за да ја ослабе унгарската влада.

И ако царот формално го ослободил Јелачиќ од неговите обврски, Јелачиќ и неговата армија влегле во Меѓимурије и јужните делови на Прекудунавска Унгарија на 11 септември 1848 г.

Откако австриската револуција во Виена била задушена, Франц Јосиф го заменил неговиот чичко Фердинанд I, кој не бил со чист ум. Франц Јосиф не го признавал Батјани како премиер вториот пат. Исто така Франц Јосиф не бил признат како крал на Унгарија од страна на унгарскиот парламент, и не бил крунисан како крал на Унгарија сè до 1867 г. На крајот односите меѓу Виена и Пешта сосема се расипале кога фелдмаршалот Франз Филип вон Ламберг добил контрола врз целокупната армија во Унгарија (вклучивајќи ја таа на Јелачиќ). Тој заминал во Унгарија каде што бил нападнат и крваво убиен.

Во меѓувреме Батјани повторно заминал за Виена да бара компромис со новиот цар. Неговите напори останале неуспешни, бидејќи Франц Јосеф одбил да ги прифати реформските закони. Ова било неуставен чин, бидејќи законите веќе биле потпишани од неговиот чичко и монархијата немала право да ги отповика законите кои веќе биле потпичани.

Унгарските либерали во Пешта ова го искористиле и на септември 1848 г. соборот ги одобрил некои од барањата на востанието во Пешта, за да не го прекршат австроунгарскиот сојуз. Но меѓувремено контра-револуционерните сили се зајакнувале. Отпосле голем број локални победи, целокупната бохемиска и хрватска армија стигнале во Пешта на 5 јануари 1849 г.[21]

Поради ова Батјани и поднеле оставка, освен Кошут, Семере и Месарош. Подоцна по барањето на палатинот Стефан, Батјани повторно станал премиер. На 13 септември Батјани прогласи револуција и побара палатинот да ги води. Но палатинот, по наредба од царот ја напуштил Унгарија.

Унгарија била во војна на три фронтови: со хрватската војска на Јелачиќ на југот, романска војска на истокот и Австрија на западот.

Унгарската влада била во сериозна воена криза поради недостаток на војници, затоа го имале пратено Кошут (кој бил брилијантен оратор) за да регрутира волонтери за новата унгарска армија. Додека Јелачиќ марширал кон Пешта, Кошут бил пратен од град до град да го поттикне народот да се кренат во одбрана на нивната држава.

Со помошта на Кошут, Батјани за кратко време оформил унгарска револуционерна армија и со оваа армија ја поразиле хрватската армија на Јелачиќ на 29 септември во Битката кај Пакозд.

Битката станала икона на унгарската армија за нејзиниот ефект врз политиката и моралот. Второто писмо на Кошут кон австрискиот народ и за оваа битка било причина за втората револуција во Виена на 6 октомври.

Батјани сфатил дека не може да има мирен компромис со Хабсбуршката династија. На 2 октомври тој поднесол оставка и истовремено ја напуштил својата позиција во парламентот. Министерите од неговиот кабинет исто ги напуштиле своите позиции истиот ден.

Австрискиот устав „Стадион“ и обновувањето на антагонизмот[уреди | уреди извор]

Хабсбуршката влада во Виена прогласила нов устав, таканаречениот Стадион устав на 4 март 1849.[22][23] Уставот давал голема моќ на монархот и водел кон нео-апсолутизам.[24] Новиот устав на Австрија бил подготвен од царското собрание на Австрија, каде што Унгарија немала никаква сила. Австриските законодавни тела како царското собрание традиционално немале никаква моќ во Унгарија. Но безразлика царското собрание исто пробало да го укине собранието на Унгарија (кое постоело како законодавна сила во Унгарија дури од 12 век.)[25] А новиот устав истовремено бил спротивставен на историскиот устав на Унгарија и се обидувал да го поништи.[26]

Унгарска република и Лајош Кошут[уреди | уреди извор]

Кога Батјани дал оставка тој бил назначен заедно со Семере да ја води привремената влада, и кон крајот на септември бил прогласен за претседател на Комитетот за национална одбрана. Кошут бил избран од парламентот како претседател на унгарската држава. Со исклучок на Казмер Батјани, сите членови на новиот кабинет биле поддржувачи на Кошут.

Новата влада (владата на Семере) била формирана на 2 мај 1849 г.[27][28]

Претседател: Лајош Кошут

Премиер и министер за внатрешни работи: Берталан Семере

Министер за надворешни работи, Министер за земјоделство, индустрија и трговија: Казмер Батјани

Министер за финансии: Ференц Дучек

Министер за правда: Шебо Вуковиќ

Министер за образование, наука и култура: Михали Хорват

Министер за труд, инфраструктура и транспорт: Ласло Чани

Министер за одбрана: Лазар Месарош (14 април 1849 - 1 мај 1849) Артур Ѓерѓеј (7 мај 1849 - 7 јули 1849) и Лајош Аулих (14 јули 1849 - 11 август 1849)

Од ова време тој насобрал многу моќ. Правецот на целата влада бил во негови раце. Без воено искуство, тој имал контрола и управувал со движењето на армиите; не можел да одржи контрола врз генералите ниту да воспостави воена соработка која што била неопходна за успех. Артур Ѓерѓеј, чии способности Кошут ги препознал, одбил да се потчини; двајцата биле многу различни личности. Кошут го исклучил од командата двапати, и двапати го вратил назад. Би било добро доколку Кошут бил налик на Ѓерѓеј затоа што револуционерната моќ што ја зграпчил можела да се одржи само со револуционерни средства, но тој по природа бил мек и секогаш љубезен, иако често бил смел, му недостасувала одлучност да се справува со луѓето. Се велело дека покажува лична храброст, што не било неверојатно, она што го направило многу добар оратор тешко дека можело да се комбинира со смиреноста на војник, но никој не можел подобро од него да ги охрабри другите.

За време на сите лоши зими коишто следуваа, неговата енергија и духот никогаш не паднаа. Тој ја надмина нерешителноста на армијата да маршира за помош на Виена, по поразот во битката на Швехат, каде што бил присутен, го испратил Јозеф Бем да ја продолжи војната во Трансилванија. Кон крајот на годината кога Австриците се приближувале кон Пешта, тој побарал медиација од Вилијам Хенри Стајлс, американски пратеник. Алфред I принцот на Виндиш-Грец, ги одбил сите услови и собранието и владата се преселиле во Дебрецен, Кошут со себе ја зел круната на Св. Стефан, светиот амблем на унгарската нација. Во ноември 1848 г., царот Фердинанд абдицирал во корист на Франц Јосиф. Новиот цар ги отповикал сите концесии што биле доделени во март, а Кошут и унгарската влада ги ставил надвор од законот, враќајќи ги Априлските закони. Во април 1849 г., кога Унгарците постигнале многу успеси, Кошут прогласил да се прославува унгарската декларација за независност, во која имал изјавил дека „куќата Хабсбург-Лорејн, го напуштаат унгарскиот престол.“ Ова било израз на неговата љубов за екстремни и драматични акции, но додало проблеми меѓу него и оние кои посакувале автономија под старата династија, и неговите противници го обвиниле дека го посакува кралството. Отстранување на престолот во Унгарија исто така направило да не може да се постигне никаков компромиз со Хабсбурците.

Кошут играл главна улога во заддржување на унгарската армија со недели за опсадата и повторно заземање на замокот Буда, што се случило конечно на 21 мај 1849 г. Надежите за целосен успех биле прекинати поради интервенција на Русија, сите апели до западните сили биле неуспешни, и на 11 август Кошут се откажал од функцијата во корист на Ѓерѓеј, сметајќи дека само генералот може да ја спаси нацијата. Но Ѓерѓеј се предал на Русите во Вилагош (денешна Ширија во Романија) кои ја предале армијата на Австриците.[12]

Војна за независност[уреди | уреди извор]

Опсада на Буда во мај 1849

Во 1848 и 1849 г. унгарскиот народ кој сакал независност формирале мнозинство само во централните делови на земјата. Унгарците биле опколени со други националности. Во 1848-49 г., австриската монархија и оние што ги советувале ги манипулирале Хрватите, Србите и Романците, ветувајќи им на Унгарците нешто а потоа ветувале спротивно на Србите и другите групи.[29] Некои од овие групи биле доведени во ситуација од нивните водачи да се борат против унгарската влада за своја независност, ова довело до бројни брутални инциденти меѓу Унгарците и Романците на пример.

Во 1848 и 1849 г. Унгарците биле поддржани од Словаците, Германците, Русинците и унгарските Словени,[30][31][32] унгарските Евреии, Полјаци, Австрици и италијански волонтери.[33] На 28 јули 1849 г. Унгарскиот револуционерен парламент ги прогласил првите[34][35] закони за етничките и малцинските права во Европа, но овие закони биле повлечени откако руските и австриските армии ја запреле унгарската револуција.[36][37][38] Повремено, австрискиот престол пробувал да ја подели Унгарија што имало непосакувани резултати. Ова се случило со Словаците кои почнале војна која било делумно анти-унгарска, но ја поддржале унгарската влада против династијата.[39] Но во друг случај австриското делување донело нови сојузници за унгарската кауза за време на војната во 1849 г.

Србите од Војводина[уреди | уреди извор]

Битката за Вршац, меѓу армијата на Србите од Војводина и унгарската армија, јануари 1849 г.

Војводина станала дел од унгарското кралство по поразот на Отоманското Царство во Големата турска војна.

Меѓу реката Тиса и Трансилванија, северно од Дунав лежи регионот Банат.[40] По Мохачката битка, под османлиска власт во областа северно од Дунав се зголемил бројот на јужните Словени. Во 1804 г. се форимирало полу независно Кнежевство Србија, јужно од Дунав со Белград како главен град. Така во 1849 г., Дунав ја делел Србија од Кралството Унгарија. Унгарскиот реон на северниот дел на реката се нарекувал Војводина, и во тоа време таму живееле речиси пола милион Срби. Според пописот на Војводина 1840 г. Србите сочинувале 49% од целата популација. Србите од Војводина ја барале својата независност или поврзување со Кнежевството Србија.

Јосиф Рајачиќ бил патријарх на Војводина во февруари 1849 г.[41] Рајачиќ бил поддржувач на српското национално движење, но сепак бил конверзативен и про-австриски настроен. Во клучен момент за време на војната против унгарската влада, кон крајот на март 1849 г. кога на Австриците им требале повеќе српски војници да се борат во војната, австискиот генерал Ѓеорг Рукавина Барон фон Видовград, кој командувал со австриските трупи во Унгарија, официјално го дал ветувањето за независност на Војводина и ги прифатил сите барања на патријархот во врска со српската националност.[42] Прифаќањето на барањата на патријархот значело олабавување од строгата воена администрација во Војводина. Под оваа воена администрација на граничните области, секој маж на возраст од 16 до 60 години можел да биде регрутиран во војската.[43]

Србите од Војводина очекувале дека нивните барања за регрутација да бидат прва мерка за олабавеност. Но новиот цар Франц Јосеф имал други идеи и ова ветување било прекршено после само две недели откако им било ветено на луѓето од Војводина. Ова предизвикало поделба на народот во Војводина и дел од Србите што живееле таму почнале да ја поддржувата избраната унгарска влада.[43] Сојуз на унгарската влада со Србите на јужниот фронт бил спречен од австриската перфидност со ветувањето за независност на Војводина.

Некои десно ориентирани учесници во српското национално движење мислеле дека револуцијата на Унгарија повеќе им се заканува на земјопоседиците и аристократијата на Србите во Војводина, отколку окупацијата од Австриците.[44]

Битката кај Тапиобишке, 4 април 1849 г., слика на Мор Тан

На почеток на војната, унгарските одбранвени сили победиле во некои битки[45][46] против Австриците, на пример Битката кај Пакозд во септември 1848 г. и Битката кај Ишасег во април 1849 г., и во тоа време тие ја прогласиле Унгарската декларација за независност од Хабсбуршката Империја. Истиот месец, Артур Ѓерѓеј станал нов главен командант на војската на Република Унгарија.[47]

По неуспехот на унгарската револуција во 1849 г., Војводина станала дел од Австрија. Во 1860 г. таа повторно влегла во рамки на Унгарија и била дел од Унгарија сè до крајот на Првата светска војна.[48]

Словачко востание[уреди | уреди извор]

Словачки волонтери, 1848/49 г.

Словачкото востание било реакционо движење на унгарската револуција во западниот дел на Горна Унгарија (денес Западна Словачка)[49] Словачкиот народ не бил дефиниран како нација. Но, годините пред револуцијата, Унгарците презеле чекори да ги унгаризираат Словаците и да ги стават под унгарска контрола. Целта била сите различни етнички групи околу Унгарија да се стават под една заедничка култура. Кога избила револуцијата овој процес бил неизбежен, посебно за Словаците.[50]

Словаците поставиле барања за нивната култура да е посебна од унгарската и да им бидат дадени посебни права и слободи. Овие барања наскоро предизвикале демонстрации за правата на етничките малцинства во Унгарија. Откако некои биле уапсени демонстрациите се зголемиле и на крајот се одржал панславистички конгрес во Виена. На овој конгрес бил подготвен документ и испратен до унгарската влада во кој се барало права за словачкиот народ. Унгарците одговориле со тоа што вовеле воен закон во словачкиот регион.[50]

Царската влада забележала дека низ целата империја етничките малцинства барале повеќе автономија, но само Унгарија сака сосема да се отцепи. Тие го искористиле ова со тоа што ги поддржале етничките национални движења против унгарската влада. На словачките волонтерни единици им било наложено во Виена да се приклучат во кампањите против Унгарците. Словачки полк марширал до Мијава каде што словачкиот совет отворено се отцепил од Унгарија. Се појавиле затегнати односи посебно откако унгарската армија егзекутирала неколкумина словачки водачи заради предавство, а борбите станале покрвави.[50]

Но, словачкото востание исто така барало автономија од Унгарија. Словачките водачи се надевале дека Горна Унгарија би станала дел од Австрија. Тензиите со Австриците набрзо се зголемиле. Без помош и со зголемените унгарски напори, словачките волонтерски единици имале мал удел во останитот дел од војната сè додека не се појавиле Русите. Единиците биле искористени на крајот на војната кога Русите напредувале за да го докрајчат отпорот и кратко потоа биле отфрлени, ставајќи му крај на словачкото движење во револуцијата. Заклучокот на востанието е нејасен, бидејќи Словаците се вратиле во царството и не добиле автономија уште некое време.[50]

Трансилванија[уреди | уреди извор]

Битката кај Темишвар, август 1849 г.

На 29 мај 1848 г. во Колошвар (денешен Клуж-Напока во Романија) соборот во Трансилванија (формиран од 116 Унгарци, 114 Шекели и 35 Саксонци[51]) го ратификувале сојузот со Унгарија. Романците и Германците не се согласиле со оваа одлука.[52]

На 10 јуни 1848 г. весникот Виена Цајтунг напишал: „Во секој случај, сојузот на Трансилванија, прогласен против сите човечки права, не е валиден, и судовите на правдата во целиот свет мораат да ја признаат оправданоста на протестот на Романците“.[53]

Романци[уреди | уреди извор]

На 25 февруари 1849 г. претставниците на романскиот народ испратиле до хабсбуршкиот цар Меморандум на романскиот народ од Големото кнежевство Трансилванија, Банат, од околните територии до Унгарија и Буковина во кој барале унија на Буковина, Трансилванија и Банат под една влада... и унија на сите Романци во австриската држава во една независна нација под власт на Австрија како целина во царството.[54]

Трансилваниски Саксонци[уреди | уреди извор]

Првите денови од октомври 1848 г., Стефан Лудвиг Рот сметал дека постојат само две опции за Саксонците: Првата е да се здружат со Унгарците и со тоа да се свртат против Романците и царството, а втората е да се здружат со Романците и со тоа да го поддржат царството против Унгарците. Во овие опции Романците и Унгарците се случајни фактори. Најважниот принцип е обединетото царство, затоа што тоа гарантира дека австрискиот устав ќе се прошири.[55] Трансилванските Саксонци одбиле да се спои Трансилванија со Унгарија.[56]

Руси[уреди | уреди извор]

Поради успехот на револуционерниот отпор, Франц Јосиф морал да побара помош од жандармеријата во Европа[57] на царот Николај I во март 1849 г. руската армија, создадена од околу 8000 војници, ја окупирала Трансилванија на 8 април 1849 г.[58] Но како што ги поминале Јужните Карпати на границите на Трансилванија и Влашка, тие биле пресретнати од голема унгарска револуционерна армија водена од Јозеф Бем, полски генерал.

Бем учествувал во Ноемвриското востание во Полска, бил вклучен во востанието во Виена во 1848 г. и станал еден од врвните команданти на армијата на Унгарската Република од 1848-49 г. [59] Кога ги пресретнал Русите, Бем ги поразил и ги натерал да се вратат кон градовите на Херманштад и Кронштад (денешни Сибињ и Брашов во Романија) во Трансилванија, назад кон Јужните Карпати до Влашка.[59] Само 2000 руски војници успеале да се вратат од Трансилванија во Влашка, останатите 6000 биле убиени или заробени од унгарската армија.[60] Откако ја обезбедил цела Трансилванија, Бем ги преместил своите 30.000-40.000 војници против австриските сили во северен Банат, освојувајќи го градот Темишвар (кој денес е во Романија).[61]

Австријци[уреди | уреди извор]

Артур Ѓерѓеј
Алфред I, принц на Виндиш-Грец

Лавал Нугент фон Вестмет бил австриски господар на оружје, но служел како генерал кој се обидувал да ги стави сите Срби под австрискиот престол, за уште еден поход против унгарската влада.[62] На јужниот фронт унгарските армии биле успешни, на почетокот.

Оваа битка водела до Виенското востание од октовмри 1848 г., кога бунтовниците го нападнеле гаризонот на нивниот пат кон Унгарија. Но, австриската армија била во можност да го задуши востанието. Истовремено, кај Швехат, Австријците го спречиле обидот на Унгарците кои се обидувале да ја заземат Виена. По оваа победа, генералот Алфред I и 70.000 трупи биле пратени во Унгарија да ја задушат унгарската револуција. Австријците преку Дунав стинагле од Виена во Унгарија да го опколат Коморн (денешен Комаром, Унгарија). Тие продолжиле под Дунав до Пешта, главниот град на Кралство Унгарија. По жестока борба Австријците водени од Алфред I ги освоиле Будим и Пешта.[63]

Во април 1849 г., по овие порази, унгарската влада се оправила и извојувала неколку победи на западниот фронт. Тие го запреле напредувањето на Австријците и ги повратиле Будим и Пешта.[64] Потоа унгарската армија ја спречиле опсадата на Комаром.[65] Пролетната офанзива се покажала како голем успех за револуцијата.

Унгарската влада била еднакво успешна на источниот фронт (во Трансилванија) против Русите, и на западниот фронт против Австријците. Но имало и трет фронт, јужниот фронт во Банат, каде што се бореле со трупите на српското национално движење и хрватските трупи на Јелачиќ во Војводина. Мор Персел, генералот на унгарските сили во Банат, напочеток бил успешен во битките на јужниот фронт.[66]

Во април 1849 г., Лудвиг фон Велден го заменил Виндишгрец како нов врховен командант на австриските сили во Унгарија.[67] Наместо да ја гонат австриската армија, Унгарците запреле за да ја преземат тврдината на Буда и да подготват одбрана. Истовремено, победата во Италија ослободила многу австриски трупи кои дотогаш се бореле на тој фронт. Во јуни 1849 г. руските и австриските трупи влегле во Унгарија и биле многу побројни од унгарската армија. Сите молби до другите европски држави не успеале, па Кошут заминал од својата функција на 11 август 1849 г. во корист на Артур Ѓерѓеј, кого мислел дека е единствениот генерал што можел да ја спаси нацијата.

Но, во мај 1849 г., Цар Николај I ветил дека ќе ги продолжи напорите против унгарската влада. Царевите Николај и Франз Јозеф започнаа да собираат нова армија која ќе била под команда на Антон Вогл, австриски маршал кој имал активна улога во спречувањето на националното ослободувачко движење во Галичија во 1848 г.[68] Но Вогл бил зафатен пробувајќи да спречи друго револуционерно востание во Галичија.[69] Царот на Русија истовремено спремал да прати 30.000 руски војници назад преку источните Карпати од Полска. Австрија ја заддржала Галичија и пратила војници во Унгарија кои биле независни од тие на Вогл. Истовремено, способниот Јулиј фон Хајнау водел армија од 60.000 Австрици од западот и ја преземал територијата која била изгубена за време на пролетта. На 18 јули, тој конечно ги освоил Будим и Пешта.[70] Русите исто биле успешни на источните делови и ситуацијата на Унгарците станувала се по очајна.

На 13 август, по неколку горчливи порази, како на пример Битката кај Сегешвар против Русите и битките кај Церег и Темишвар[70] против австриската армија, било очигледно дека Унгарија изгубила. Во оваа безнадежна ситуација Ѓерѓеј се предаде кај Вилагош (денешна Ширија, во Романија) на Русите, кои ја предале армијата на Австриците.[71]

Предавањето во Вилагош, 1849 г.

По војната[уреди | уреди извор]

Јулиј фон Хајнау, водач на австриската армија бил назначен како ополномошник за да одржи мир во Унгарија по конфликтот. Тој наредил да се погубат 13 арадски маченици и премиерот Батјани на ист ден во Пешта.[71]

По неуспешната револуција во 1849 г. имало раширен пасивен отпор.[72] Во 1851 г. архдук Албрехт бил назначен за регент, што траело до 1860 г., и за тоа време тој вовел процес за Германизација.[73]

Кошут избегал во егзил по револуцијата. Во САД тој бил топло пречекан од народот како и од тогашниот државен секретар, Даниел Вебстер, кој ги направил односите меѓу САД и Австрија неповолни за следните 20 години. Окгругот Кошут во Ајова е наречен по него. Потоа заминал во Цариград и во Торино кој на тоа време бил главен град на Кралството Пијемонт-Сардинија.

Кошут мислел дека неговата најголема грешка било дека се спротивставил на унгарските малцинства. Тој си поставил цел за мулти-етничка конфедерација на републики покрај Дунав, што можело да ја спречи ескалацијата на непријателските чувства на етничките групи во овој реон.[74]

Многумина од другарите во егзил на Кошут му се приклучиле во САД, вклучувајќи синовите на една од неговите сестри. Овие 48-мина се бореле на страната на Унијата во граѓанската војна на САД. Унгарскиот адвокат Џорџ Лихтенштајн кој служел кјако приватен секретар на Кошут, избегал во Кунингсберг по револуцијата и на крајот се населил во Единбург каде што станал познат музичар.[75]

Отакко унгарската армија се предала во Вилагош 1849 г., револуционерните знамиња биле однесени во Русија од царските трупи, и биле чувани таму и за време на царскиот и комунистичкиот систем. Во 1940 г. Советскиот Сојуз ги понудил знамињата на владата на Миклош Хорти во замена за ослободување на затворениот унгарски комунистички водач, Маќаш Ракоши. Владата на Хорти го прифатила ова.[76]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dr Zachary C Shirkey: Joining the Fray: Outside Military Intervention in Civil Wars Military Strategy and Operational Art -PAGE: 1944- ISBN 1409470911, 9781409470915 [1] Архивирано на 27 декември 2014 г.
  2. A Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle ..., by Spencer C. Tucker, 2009 p. 1188
  3. In 1804 Emperor Franz assumed the title of Emperor of Austria for all the Erblande of the dynasty and for the other Lands, including Hungary. Thus Hungary formally became part of the Empire of Austria. The Court reassured the diet, however, that the assumption of the monarch’s new title did not in any sense affect the laws and the constitution of Hungary Laszlo, Péter (2011), Hungary's Long Nineteenth Century: Constitutional and Democratic Traditions, Koninklijke Brill NV, Leiden, the Netherlands, стр. 6
  4. Éva H. Balázs: Hungary and the Habsburgs, 1765–1800: An Experiment in Enlightened Absolutism. p. 320.
  5. Charles W. Ingrao : The Habsburg Monarchy, 1618–1815, Volume 21 of New Approaches to European History, Publisher: Cambridge University Press, 2000 ISBN 9781107268692
  6. Jean Berenger, C.A. Simpson: The Habsburg Empire 1700-1918 , Publisher: Routledge, 2014, ISBN 9781317895725
  7. Tomasz Kamusella: The Politics of Language and Nationalism in Modern Central Europe, Publisher: Palgrave Macmillan, 2009, ISBN 9780230550704
  8. Paschalis M. Kitromilides: Enlightenment and Revolution, Publisher: Harvard University Press, 2013, ISBN 9780674726413
  9. Peter McPhee: A Companion to the French Revolution -PAGE: 391 , Publisher: John Wiley & Sons, 2014, ISBN 9781118977521
  10. Ödön Beöthy and Tibor Vágvölgyi: A Magyar Jakobinusok Köztársasági Mozgalma, -PAGE: 103 Budapest 1968, English: The Hungarian jacobin republican movement.
  11. Lendvai, Paul (2002), The Hungarians: A Thousand Years of Victory in Defeat, C Hurst & Co, стр. 194, ISBN 978-1-85065-682-1
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6  Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостBain, Robert Nisbet; Phillips, Walter Alison (1911). „Hungary“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 13 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 915–918.CS1-одржување: ref=harv (link)
  13. Mihály Lackó: Széchenyi és Kossuth vitája, Gondolat, 1977.
  14. See: Lacko p. 47
  15. Gróf Széchenyi István írói és hírlapi vitája Kossuth Lajossal [Count Stephen Széchenyi,s Literary and Publicistic Debate with Louis Kossuth], ed. Gyula Viszota, 2 vols. (Budapest: Magyar Történelmi Társulat, 1927–1930).
  16. „március15“. marcius15.kormany.hu. Архивирано од изворникот на 2017-09-17. Посетено на 2018-03-16.
  17. Charles Frederick Henningsen: Kossuth and 'The Times', by the author of 'The revelations of Russia'. 1851 -PAGE: 10
  18. Peter F. Sugar, Péter Hanák, Tibor Frank: A History of Hungary (Indiana University Press, Jan 1, 1994) -PAGE: 213
  19. Az áprilisi törvények (English: "The April laws")“ (унгарски). March 22, 1999. Архивирано од изворникот на 16 July 2011. Посетено на 28 June 2011.
  20. Steven A. Seidman and Peter Lang. Posters, Propaganda, and Persuasion in Election Campaigns Around the World. p. 201
  21. Gazi, Stephen (1973). A History of Croatia. New York: Barnes and Noble Books. стр. 150.
  22. Schjerve, Rosita Rindler (2003). Diglossia and Power: Language Policies and Practice in the 19th Century Habsburg Empire. Language, Power, and Social Process. 9. Berlin: Walter de Gruyter. стр. 75–76. ISBN 9783110176544.
  23. Mahaffy, Robert Pentland (1908). Francis Joseph I.: His Life and Times. Covent Garden: Duckworth. стр. 39.
  24. Walther Killy (2005). Dictionary of German biography. 9: Schmidt-Theyer. Walter de Gruyter. стр. 237. ISBN 9783110966299.
  25. Július Bartl (2002). Slovak History: Chronology & Lexicon. Bolchazy-Carducci Publishers. стр. 222. ISBN 9780865164444.
  26. Paul Bődy (1989). Hungarian statesmen of destiny, 1860-1960. Atlantic studies on society in change, 58; East European monographs, 262. Social Sciences Monograph. стр. 23. ISBN 9780880331593.
  27. Romsics, Béla K. Király: Geopolitics in the Danube Region: Hungarian Reconciliation Efforts 1848-1998 -PAGE: 413 , Publisher: Central European University Press, 1999, ISBN 9789639116290
  28. Greger-Delacroix: The Reliable Book of Facts: Hungary '98 -PAGE: 32
  29. Marx & Engels, стр. 229.
  30. „Kik voltak a honvédek“. www.vasidigitkonyvtar.hu (The Hungarian Peoples' Online Encyclopaedia) (унгарски). Архивирано од изворникот на 25 September 2008. Посетено на 2 July 2011.
  31. Kozár, Mária; Gyurácz, Ferenc. Felsőszölnök, Száz magyar falu könyvesháza. KHT. ISBN 963-9287-20-2.
  32. Források a Muravidék történetéhez/Viri za zgodovino Prekmurja. 1 (871-1849). Szombathely-Zalaegerszeg. 2008. ISBN 978-963-7227-19-6.
  33. Jeszenszky, Géza (17 November 2000). „From "Eastern Switzerland" to Ethnic Cleansing, address at Duquesne History Forum“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 17 January 2013.
  34. Mikulas Teich; Roy Porter (1993). The National Question in Europe in Historical Context. Cambridge University Press. стр. 256. ISBN 9780521367134.
  35. Ferenc Glatz (1990). Etudes historiques hongroises 1990: Ethnicity and society in Hungary, Volume 2. Institute of History of the Hungarian Academy of Sciences. стр. 108. ISBN 9789638311689.
  36. Tötösy de Zepetnek, Steven; Vasvari, Louise O. Comparative Hungarian Cultural Studies. стр. 50.
  37. Spira, György. The nationality issue in the Hungary of 1848-49.
  38. Ronen, Dov; Pelinka, Anton. The challenge of ethnic conflict, democracy and self-determination in Central Europe. стр. 40.
  39. Marx & Engels, стр. 390, 3 May 1848.
  40. Kinder, Herman; Hilgeman, Werner (1978). The Anchor Atlas of world History. 2. Garden City, New York: Anchor Books. стр. 58.
  41. Marx & Engels, стр. 613.
  42. Marx & Engels, стр. 250, The War in Hungary.
  43. 43,0 43,1 Marx & Engels, 8 April 1848.
  44. Judah 1997, стр. 60.
  45. „Pákozd-Sukoró Battle 1848 Exhibition“ (унгарски). Pákozd. September 29, 1998. Архивирано од изворникот на 28 July 2011. Посетено на 28 June 2011.
  46. „Isaszeg“. 1hungary.com. Архивирано од изворникот на 7 July 2011. Посетено на 2 July 2011.
  47. Marx & Engels, стр. 603.
  48. Geert-Hinrich Ahrens (2007). Diplomacy on the Edge: Containment of Ethnic Conflict and the Minorities Working Group of the Conferences on Yugoslavia. Woodrow Wilson Center Press Series. Woodrow Wilson International Center for Scholars. стр. 243. ISBN 9780801885570.
  49. Mikuláš Teich, Dušan Kováč, Martin D. Brown (2011). Slovakia in History. Cambridge University Press. стр. 126. ISBN 9781139494946. Архивирано од изворникот на 2017-02-08.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  50. 50,0 50,1 50,2 50,3 Špiesz, Anton (2006), Illustrated Slovak History, Wauconda, Illinois: Bolchazy-Carducci Publishers, ISBN 0-86516-500-9
  51. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-05-14. Посетено на 2014-05-14.
  52. Pál Hatos and Attila Novák (editors). Between Minority and Majority. Hungarian and Jewish/Israeli Ethnical and Cultural Experiences in Recent Centuries
  53. Centrul de Studii Transilvane; Fundația Culturală Română (1998). Transylvanian Review. Romanian Cultural Foundation. ISSN 2067-1016. Архивирано од изворникот на 20 June 2015. Посетено на 20 June 2015.
  54. http://www.brukenthalmuseum.ro/pdf/BAM/BRUKENTHALIA_1.pdf
  55. „Counter-revolution and Civil War“. mek.oszk.hu. Архивирано од изворникот на 20 June 2015. Посетено на 20 June 2015.
  56. Miklós Molnár. A Concise History of Hungary"
  57. „The Gendarme of Europe“. www.writewellgroup.com. 12 August 2010. Архивирано од изворникот на 26 March 2012. Посетено на 2 July 2011.
  58. Marx & Engels, стр. 242, 262, 8 April 1849.
  59. 59,0 59,1 Marx & Engels, стр. 319, 22 April 1848.
  60. Marx & Engels, стр. 242, 22 April 1848.
  61. Marx & Engels, стр. 334.
  62. Marx & Engels, стр. 611.
  63. Marx & Engels, стр. 343.
  64. Marx & Engels, стр. 304.
  65. Marx & Engels, стр. 346.
  66. Marx & Engels, стр. 331.
  67. Marx & Engels, стр. 293, 19 April 1849.
  68. Marx & Engels, стр. 618.
  69. Marx & Engels, стр. 303.
  70. 70,0 70,1 The Cambridge modern history; Leathes, Prothero and Vard
  71. 71,0 71,1 Szabó, János B. (5 September 2006). „Hungary's War of Independence“. historynet.com. Архивирано од изворникот на 1 April 2008. Посетено на 2 July 2011.
  72. Tamás Csapody: Deák Ferenc és a passzív rezisztencia Архивирано на 3 април 2012 г.
  73. „Kormányzat“. gepeskonyv.btk.elte.hu. Архивирано од изворникот на 8 May 2018. Посетено на 20 June 2015.
  74. "Encyclopædia Britannica: Kossuth article"
  75. Musical Times (digitized online by GoogleBooks). 34. 1893. Посетено на 9 February 2012.
  76. „Mátyás Rákosi“. September 12, 2001. Архивирано од изворникот на 15 June 2011. Посетено на 28 June 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]