Улица Истиклал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Булеварот Истиклал во Бејоглу

Булеварот Истиклал (турски: İstiklal Caddesi) е еден од најпознатите булевари кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Булеварот се наоѓа во округот Бејоглу, во близина на плоштадот Таксим.[1] Булеварот е долг околу три километри. Се смета дека во текот на неработните денови, булеварот го посетуваат околу 3.000.000 луѓе.

Во времето на Османлиското Царство, овде се наоѓале голем број на амбасади и конзулства. Денеска, од нив има останато само мал број. Објектите околу булеварот датираат од 19 век. Покрај него се наоѓаат голем број на продавници, бутици, книжарници, галерии, кина, театри, библиотеки, кафулиња итн. Овде се наоѓаат училиштето Галатасарај, палатата Пера. По должината на булеварот поминуваат и трамваите, кои во функција биле ставени пред повеќе од 90 години.

За време на отоманскиот период, булеварот го носи името „Голем булевар“, а денешното име, Истиклал односно Независност, го добива при прогласувањето на Републиката на 29 октомври 1923 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-03. Посетено на 2009-12-25.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]