Тјумен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Грбот на Тјумен

Тјумен (рус. Тюме́нь) е град во Русија на реката Тура, и се наоѓа 2.144 км источно од Москва. Градот е административен центар на Тјуменската област во Уралскиот федерален округ. Ова е првиот руски град во Сибир.

Население: 510.719 (попис 2002);[1] 476.869 (попис 1989).[2]

Историја[уреди]

Mанастир Света Троица (XVII век), на фотографија од ~1912 г. од Прокудин-Горски.

Тјумен е првиот руски град во Сибир, основан во 1586 г. на местото на татарскиот град Чимги-Тура од страна на царот Фјодор I. Тјуменскиот регион, кој бил дел од Сибирскиот канат бил припоен кон Русија од страна на козакот Ермак Тимофеевич во 1585 г. и следната година бил основан градот Тјумен како руско упориште. Првичното население се состоело главно од стрелци и Козаци.

Во периодот од XVII до XVIII век, Тјумен станал важен трговски центар, како и важен кожарски и занаетчиски центар. Во 1763 градот броел 7,000 жители.

Во 1836 г., во Тјумен бил изграден првиот параброд во Сибир, а во 1885 г. градот бил поврзан со Транссибирската железница.

За време на Руската Граѓанска војна, Тјумен отпрвин бил под власта на адмиралот Александар Колчак и неговата сибирска бела армија, но во јануари 1918 г. градот го зазема Црвената армија.

За време на 1930-тите Тјумен станал важен индустриски град во СССР. Тука се произведувале парабродови, товарни бродови, мебел, крзно и кожна галантерија.

За време на Втората Светска војна, телото на Ленин било преместено од Москва во маскирана гробница во денешниот Тјуменски земјоделски институт. За време на војната многу фабрики од европскиот дел на СССР биле евакуирани во Тјумен. Во градот се произведувале многу видови на воена опрема. На 14 август, 1944 Тјумен станал главен град на големата Тјуменска област.

Во 1948 г., во Тјуменската област била откриена нафта, а во 1960-тите и 1970-тите нафтената индустрија станала клучна стопанска гранка на градот.

Познати личности родени во или близу Тјумен:

Улица во центарот на Тјумен, 2003


Денешниот град[уреди]

Крестовоздвиженская церковь (Тюмень)-2.jpg

Денес Тјумен е важен центар за гасната и нафтената индустрија во Русија. Граѓаните уживаат највисок стандард на живеење во земјата по Москва. Во Тјумен се одвиваат најголемите активности на фирмите како Газпром, ЛУКојл и Јукос. Седиштето на авиокомпанијата ЈУТер исто така се наоѓа во Тјумен.

Градскиот центар е мешавина од понови згради и стари украсени брвнари. Населбите се состојат од мешавина од голем број на излитени советски станбени згради и понови кули и куќи-брвнари.

Температурата во Тјумен е потопла од најголемиот број на сибирски градови. Зиме оди до -30 C°, но ова е ретко.

Комуникации и транспорт[уреди]

Меѓународниот повикувачки број за тјумен е: 7 3452.

Градот го опслужува меѓународниот аеродром Рошчино со врски кон голем број на градови во Русија и двонеделен лет до Минхен.

Спорт[уреди]

Само 10 минути вон градот има парк за скијачко трчање до кој може да се стигне и со автобус. Градот има и олимписки базен, помала спустна скијачка патека и разни други места за спортски активности.

Збратимени градови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Федерална служба за државна статистика (21 мај 2004). Численность населения России, субъектов Российской Федерации в составе федеральных округов, районов, городских поселений, сельских населённых пунктов – районных центров и сельских населённых пунктов с населением 3 тысячи и более человек (Бројот на населението во Русија, субјектите на Руската Федерација, во рамките на федералните окрузи, реони, градски населби, селски населени места до население од над 3,000 луѓе)“ (на руски). „Всероссийская перепись населения 2002 года (Серуски попис на населението 2002)“. Федерална служба за државна статистика. http://perepis2002.ru/ct/html/TOM_01_04_1.htm. конс. 25 септември 2008. 
  2. Всесоюзная перепись населения 1989 г. Численность наличного населения союзных и автономных республик, автономных областей и округов, краёв, областей, районов, городских поселений и сёл-райцентров. (Сесојузен попис на населението од 1989 г. Моменталниот број на населението на сојузните и автономни републики автономните области и окрузи, краеви, области, региони, градови и селски реонски центри)“ (на руски). „Всесоюзная перепись населения 1989 года (Сесојузен попис на населението 1989)“. Демоскоп Weekly (веб-страна на Институтот за демографија на Виша економска школа при Државниот универзитет. 1989. http://demoscope.ru/weekly/ssp/rus89_reg2.php. конс. 13 декември, 2007. 

Надворешни врски[уреди]