Тјудорска архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Капелата при Кралскиот колеџ, Кембриџ

Тјудорскиот стил во рамките на англиската архитектура е крајната фаза на средновековната архитектура за време на Тјудорскиот период (1485–1603) и по него, за конзервативни патрони на колеџи. Овој стил следел по вертикалниот стил и, иако заменет со англискиот ренесансен стил во помодарските домови, тјудорскиот стил сѐ уште го задржал своето место во англискиот вкус. Примери се додатоците на разните колеџи во Оксфорд и Кембриџ кои и ден денес се изведуваат во тјудорски стил кој се преклопува со првите зачетоци на готската возобнова.

Карактеристичен елемент на оваа архитектура четирисредишниот свод; некои од најинзвонредните ориел-прозорци му припаѓаат токму на овој период; ѕидните украси се попроширени и лисјата стануваат понатуралистички. Како и да е, зборот „тјудорски стил“ е незгоден термин бидејќи подразбира дека се праткикувал през владеењето на Тјудорската династија и некако прекинал со доаѓањето на Стјуартите (Џејмс I) во 1603, што не е случај.

Кај црковната архитектура, главни примери се:

Кај домашната архитектура:

Во 19-тиот век при изградбата на хотели и железнички станици се употребувала слободна мешавина од овие доцноготски елементи и елизабетанскиот стил, во преродбените стилови познати како Јакобетански и Тјудорбетански.

Тјудорските згради имаат шест карактеристични елементи -

  • Декоративна дрвена конструкција
  • Кос кров
  • Истакнати вкрстени калкани
  • Високи, тесни прозорци
  • Мали прозорски стакла
  • Големи декорирани оџаци

Надворешни врски[уреди]

Споредете[уреди]


Извори[уреди]