Тус

Координати: 36°27′15″N 59°34′01″E / 36.45417° СГШ; 59.56694° ИГД / 36.45417; 59.56694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Огромното кубе Харуније во Тус. Некои сметаат дека ова е гробницата на ел-Газали, но ова е спорно.
Гробницата на Фирдуси во Тус.
"Susia" redirects here. For the Israeli settlement, see Susya.

Тус (персиски: توس или طوس) е древен град во провинцијата Разави Хорасан во Иран. ВО Стара Грција градот бил познат како Сусија (Gr. Σούσια). Во 330 п.н.е. градот го освоил Александар Македонски.

Абасидкиот калиф Харун ел-Рашид во 808 г. се разболел и умрел во Тус, по пат во неговата мисија да го задуши бунтот во Хорасан[1].

Градот е речиси срамнет со земја од Џингис Кан во периодот од 1220 до 1259 г.

Веројатно најпознат жител на Тус бил поетот Фирдуси, автор на персискиот еп „Шахнаме“. Неговиот мавзолеј, изграден во 1934 по повод илјада години од неговото раѓање е доминантен објект во градот.

Меѓу најславните жители на Тус се вбројуваат: научниците Џабир ибн Хајан, Низам ел-Мулк и Насир ел-Дин ел-Туси, поетот Асади Туси, филозофот ел-Газали и истакнатиот шиитски дванаесетнички веронаучник Абу Џафар ел-Туси.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Court of the Caliphs од Hugh N Kennedy (ISBN 0-297-83000-7)

36°27′15″N 59°34′01″E / 36.45417° СГШ; 59.56694° ИГД / 36.45417; 59.56694