Турска бања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Турска бања, амам

Tурската бања (турски: hamam, амам) е варијанта на парна бања, сауна или Руска бања

Секој амам содржел пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа, капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (резервоар за вода) и ќулхан (ложиште). Во халветот по обемните ѕидови се изградени камени банкини и камени корита – курни. Амамите покривани се со куполи и сводови. Осветлувањето е зенитално. Градени се од камен и тула. Затоплувањето е подно и преку ѕидовите. Внатрешноста била украсувана со декоративна пластика, главно, во тромпите, во лаците и во горните ѕидни партии.

Aмамите биле градени како двојни, т.н. чифте амами со посебни делови за жени и за мажи или како едноделни. Познати се Чифте амам (XV) и Даут-пашин амам (1489–1497) во Скопје (и двата адаптирани во уметнички галерии), амамот Дебој (XVI в.) во Битола, Воска амам во Охрид, амамот во Tетово и др.[1][2][3][4][5]

Референци[уреди]

  1. М. Здравковиќ, Рестаурација и адаптација Даут-пашиног амама у Скопљу, Зборник заштите споменика културе, 1, Београд, 1950, 45-56
  2. И. Здравковиќ, Избор граѓе за проучавање споменика исламске архитектуре у Jугославији, Београд, 1964
  3. K. Tомовски, Aмамот Дебој во Битола, Зборник на Aрхеолошкиот музеј на Македонија, Скопје, 1975, 263-270
  4. K. Tомовски, Kонзерваторски и реставраторски работи на Чифте амамот во 43 A AМAМ Скопје, „Kултурно наследство“, 5, Скопје, 1973, 1-5
  5. Л. Kумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 169-195