Турнетреск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Турнетреск
Torneträsk
Duortnosjávri
ТурнетрескTorneträskDuortnosjávri - Поглед на Турнетреск и карактеристичната долина Лапортен во позадината
Поглед на Турнетреск и карактеристичната долина Лапортен во позадината
Место Кируна, Норботен
Координати 68°22′ СГШ 19°06′ ИГД / 
Главен истек Турне
Земји во сливот Шведска
Макс. должина 70 км
Макс. ширина 11 км
Површина 332 км²
Прос. длабочина 51 м
Макс. длабочина 168
Водна зафатнина 17,1 км³
Надм. височина на површината 341 м
Наводи [1]

Турнетреск (шведски: Torneträsk или Torne träsk, лапонски: Duortnosjávri, фински/мејанкиели: Tornio или Torniojärvi) е езеро во општината Кируна во Лапонија, (округ Норботен), Шведска, поточно во подрачјето на Скандинавските Планини. Ова е седмо езеро по големина во Шведска, со површина од 330 км² и должина од 70 км. Езерото се одлива на југоисток преку реката Турне. Југозападно од езерото се наоѓа националниот парк Абиску и областа Лапонија која е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Езерото е од глечерско потекло, поради што е доста длабоко (168 м), и со тоа второ по длабочина во земјата. Од декември до јуни е замрзнато, со извесни варијации зависно од движењето на температурите.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Езера и потоци“. Хидролошка управа на Ботнискиот Залив. http://www.vattenmyndigheterna.se/vattenmyndigheten/amnen/Bottenviken/Om+distriktet/Sjoar_och_vattendrag.htm. конс. 13 септември 2008.  (шведски)

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]