Турне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед на Турне од финскиот кон шведскиот брег

Турне (фински: Tornionjoki, шведски: Torne älv, севернолапонски: Duortneseatnu) е река во северна Шведска и Финска. Приближно половина од должината на реката е природна граница помеѓу овие две земји. Извира во езерото Турнетреск близу границата со Норвешка и тече југоисточно во далечина од 510 км,[1] влевајќи се во Ботнискиот Залив. Таа е најголема река и по должина и по речен слив во округот Норботен. Реката Турне е долга 510 км, а нејзиниот речен слив зафаќа површина од 40.157 км².[2]

Ова е најполноводната река во Финска.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Турне“. Nationalencyklopedin(конс. 14 јули 2010) (шведски) (бара претплата)
  2. „Најголеми речни сливови во Шведска“. Метеролошко-хидролошки институт на Шведка. http://www.smhi.se/sgn0102/n0205/lan_haro_huvud.pdf. конс. 14 јули 2010.  (шведски)

Надворешни врски[уреди]