Турет синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Турет синдром е пореметување со движењата заради одредено наследено невролошко нарушување на мозокот. Оваа положба е именувана по Францускиот невролог, Жил Турет, кои за прв пат во 1885 испитувал девет вакви пациенти. Турет синдром нема никакво влијание врз самата интелигенција или рок на живeење. Симптомите на ТС се поизразени кај децата. Луѓето со овој проблем прават постојани движења и гласови што не можат да ги контролираат.

Физички движења[уреди]

Во овие движења наречени ‘тикови’ спаѓаат следниве:

  • жмиркање со очите
  • кревање на рамениците
  • нагли движења на главата
  • гримаси со лицето

Понекогаш луѓето со Турет синдромот непрекинато ги имитираат движењата на другите луѓе.

Вокални звуци[уреди]

Звуците што луѓе со Турет синдром ги имитираат се:

  • шмркање
  • чистење на грлото
  • кашлање
  • лаење
  • врескање

Некои луѓе со ТС ги повторуваат своите или зборовите на другите луѓе или дури велат вулгарни или навредливи зборови без да сакаат.

Лечење[уреди]

За сега нема еден сèмоќен лек за ТС. Но разни таблети за смирување помагаат кај некои луѓе со ТС да живеат нормален живот. Затоа што движењата и гласовите предизвикани од ТС се често реакција на стрес или возбуда, учењето на методи за контролирање на стресот и релаксација можат исто така што помогнат во лечењето.

Извор[уреди]