Тувалуански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тувалуански јазик
Te Nganana Tuvalu
Застапен во Тувалу, Фиџи, Кирибати, Науру, Нов Зеланд
Говорници 10,670 во Тувалу, 13,051 вкупно.  
Јазично семејство
Статус
Службен во Тувалу
Јазични кодови
ISO 639-2 tvl
ISO 639-3 tvl

Тувалуанскиот јазик е полинезиски јазик и официјален јазик во Тувалу. Тувалуанскиот јазик е сличен и сроден со останатите полинезиски јазици, како што се хавајски, маорски, тахитски, самоански или тонгански. Тувалуанскиот јазик има позајмено доста зборови од самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 13.000 зборивачи на тувалуански.

Јазични влијанија[уреди]

Тувалуанскиот јазик имал значителен јазичен контакт со кирибатскиот јазик, потоа со самоанскиот јазик, а во последно време со англискиот јазик. Кирибатскиот јазик бил значаен за Тувалу за време на колонизацијата. Денес, јазикот има влијание од англискиот јазик.

Дијалекти[уреди]

Тувалуанскиот јазик е поделен на две дијалектни групи: севернотувалуански и јужнотувалуански. Севернотувалуанските дијалекти се зборуваат на островите Нанумеа, Нанумага и Ниутао, додека јужнотувалуанските се зборуваат на Фунафути, Ваитупу, Нукуфетау и Нукулаелае. Сите дијалекти се разбираат меѓу себе. Стандардниот јазик се базира на дијалекто Фунафути-Ваитупу.

Поврзано[уреди]