Трскар рогозар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трскар рогозар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Трскари
Род: Acrocephalus
Вид: Трскар рогозар
Биномен назив
Acrocephalus scirpaceus
(Hermann, 1804)
Пеење на трскарот рогозар

Трскарот рогозар (науч. Acrocephalus scirpaceus) е мала врапчевидна птица од кладот Sylvioidea (трскари), родот на трскарчиња (Acrocephalus). Се размножува низ Европа до западна умерена Азија. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во Африка, под Сахара.

Опис[уреди]

Трскарот рогозар е долг околу 13 см, со распон на крилјата од 17 до 21 см и тежина од 10 до 15 грама. Горната страна му е кафеава, а долната посветла, жолтеникавобела. Задникот е со портокалова нијанса, опашката е кафеава, долната страна од крилјата е ’рѓа боја, нозете светло кафеави и има влакна во близина на коренот на клунот. Половите се исти. Има брзи замавнувања со крилјата, 18 во секунда и лета со брзина од 10 метри во секунда.

Можат да живеат и до 12 години.

Однесување[уреди]

Младенче трскар рогозар

Трскарот рогозар е присутен во речиси цела Европа од април до октомври, а зимува во Африка. За да може да го издржи ноќниот лет од 6.000 км, потребна му е акумулација на масти.

Живеалиштето на оваа птица се густите трски крај речните брегови, езера, мочуришта и бари.

Птицата вешто се качува и скока на трските каде се храни со пајаци, мекотели, инсекти и нивните ларви.

Размножување[уреди]

Acrocephalus arundinaceus

Сексуална зрелост трскарот рогозар ја постигнува на една година. Обично се моногамни[2]. Сезоната на парење е во периодот од мај до јули. Гнездото го градат ниско на земјата во густа вегетација. Женките несат 3-5 јајца, а ги инкубираат обата родитела наизменично во тек на 11-14 дена. Младенчињата стануваат независни по 10-14 дена. Може да имаат и 2-3 легла годишно. Често, оваа птица е домаќин на паразитската кукавица, бидејќи јајцата им се со исти бои.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Acrocephalus scirpaceus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106007603. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Leisler, B. & Wink, Michael (2000): Frequencies of multiple paternity in three Acrocephalus species (Aves: Sylviidae) with different mating systems (A. palustris, A. arundinaceus, A. paludicola). Ethology, Ecology & Evolution 12: 237-249. PDF fulltext

Надворешни врски[уреди]