Тројца Владетели и Пет Цара

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Историја на Кина
Историја на Кина
ДРЕВНА
3 Владетели и 5 Цара
Династија Сја 2100–1600 п.н.е.
Династија Шанг 1600–1046 п.н.е.
Династија Џоу 1045–256 п.н.е.
 З. династија Џоу
 И. династија Џоу
   Пролетно-есенски период
   Период на завојуваните држави
ЦАРСКА
Династија Чин 221 п.н.е.–206 п.н.е.
Династија Хан 206 п.н.е.–220 н.е.
  З. династија Хан
  Династија Сјин
  Источна династија Хан
Три кралства 220–280
  Веј, Шу и Ву
Династија Џин 265–420
  З. династија Џин 16 кралства
304–439
  И. династија Џин
Јужна и северна династија
420–589
Династија Суј 581–618
Династија Танг 618–907
  ( Втора династија Џоу 690–705 )
5 династии и
10 кралства

907–960
Динстија Лиао
907–1125
Династија Сунг
960–1279
  С. династија Сунг З. Сја
  С. династија Сунг Династија Џин
Династија Јуен 1271–1368
Династија Минг 1368–1644
Династија Чинг 1644–1911
СОВРЕМЕНА
Република Кина 1912–денес
Народна Република
Кина

1949–денес
Република Кина
(Тајван)
1945–денес

Тројцата Владетели и Петте Цара (кин.: 三皇五帝, транскр. Санхуанг вуди) биле митолошки владетели на Кина за време на периодот од ц. 2852 п.н.е. до 2205 п.н.е., времето кое ѝ претходи на династијата Сја.

Тројцата Владетели [уреди]

Тројцата Владетели или Тројцата Возвишени биле кралеви-богови или полубогови кои им помагале на луѓето со своите магични моќи. Заради нивната возвишена доблест, ти живееле многу долго и владееле во мир.

Салата на Тројцата Владетели (三皇殿) во Чангчун Си, таоистички храм во Вухан

Ним им се препишуваат разни идентитети во разни кинески историски книги. Книгата „Записи на историчарот“ од Сима Чиен вели дека тие биле:

Делата Јинтоу шу (運斗樞) и Јианминг бао (元命苞) ги идентификуваат како:

Фу Сји и Нива биле богови-маж и жена од кои се смета дека потекнува човештвото по големата разорна поплава. За Шенунг се смета дека го измислил земјоделството и прв почнал да користи билки како лекови.

Шангшу тачуан (尚書大傳) и Паиху тунги (白虎通義) ја заменуваат Нива со Сујжен (燧人)Медија:, изумителот на огнот. Тиванг шичи (帝王世紀) ја заменува Нива со Жолтиот цар (黄帝), претпоставениот предок на сите (хански) Кинези .

Петте Цара [уреди]

Петте цара биле легендарни, морално совршени кралеви-мудреци. Според книгата „Записи на историчарот“ од Сима Чиен, тие биле:

Јао и Шун се познати и како Двата Цара, и, заедно со Ју Велики (禹), основачот на династијата Сја, се сметале за пример за владетели и морални архетипи од страна на конфучијанците во подоцнежната кинеска историја. Делата Шангшу Сји (尚書序) и Диванг шиџи го содржат Шаошао (少昊) наместо Жолтиот цар.

Во Песната на Чу (楚辭) се опеваат Петте Цара како богови на страните на светот:

  • Шаошао (исток)
  • Џуансји (север)
  • Жолт цар (центар)
  • Шенунг (запад)
  • Фу Сји (југ)

Книгата на обредите (禮記) ги поистоветува Петте Цара со Петте Лози (五氏), кои се:

  • Јоучао-ше (有巢氏)
  • Суижен-ше (燧人氏)
  • Фу Сји (伏羲氏)
  • Нива (女媧氏)
  • Шенунг (神農氏)

Во една смисла на зборот, првиот историски цар на Кина бил Чин Ше Хуанг (秦始皇), кој го измислил поимот „цар“ (хуангди 皇帝) со комбинација на титулите „возвишен“ (хуанг 皇) и „крал-бог“ (ди 帝).

Видете исто така [уреди]


Претходник
Кинески династии
2852 - 2205 п.н.е.
Наследник
Сја

Шаблон:Chinese mythology