Троја (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Троја
(Troy)“
Troy-poster.jpg
Режирано од Волфганг Петерсен
Сценарист Колин Вилсон
Настапуваат Бред Пит
Орландо Блум
Питер О’тул
Џули Кристи
Музика Џејмс Хорнер
Дистрибутер Warner Bros
Премиера 13 мај 2004
Времетраење 162 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $180,000,00
Бруто заработка $497,409,852[1]

Троја (англиски: Troy) е американски филм од 2004 год. Во главните улоги настапуваат Бред Пит и Орландо Блум. Филмот својата премиера ја доживеа на 13 мај 2004 година. Приказната во овој филм е за Тројанска војна и грчката митологија.

Содржина[уреди]

Филмот е базиран врз Хомеровата Илијада. Во Спарта, принцот Хектор (Ерик Бана) и неговиот помлад брат Парис (Орландо Блум) договараат мир меѓу Троја и Спарта. Парис се вљубува во Елена (Дијана Кригер), жената на кралот Менелај и ја зема со себе во Троја. Менелај сака одмазда, па заедно со својот брат Агамемнон, собира огромна војска. Агамемнон сака да ја освои Троја со години, со што ќе стекне контрола врз Егејското Море, го користи моментот да ја нападне Троја. Во војната е повикан и воинот Ахил (Бред Пит).

Грците пловат кон Троја. Ахил и Мирмидонците стигнуваат први и го освојуваат храмот на Аполон. Фатена е свештеничка, која е дел од кралското семејство на Троја. Ахил ја зема под своја заштита, и се вљубува во неа.

На бојното поле излегува братучедот на Ахил, преоблечен како Ахил, и убиен е од Хектор. Ахил лут поради смртта на својот братучед, го повикува Хектор на двобој, во кој Хектор е убиен, а мртвото тело Ахил го влечка со коњот до шаторите на Грците. Таткото на Хектор, кралот на Троја, ноќта доаѓа да моли за мртвото тело на својот син, за да може да го закопа како што доликува на еден принц. Ахил му го одобрува барањето, и ветува дванаесет дена мир, за да може да се завршат погребните церемонии за Хектор и деновите на оплакување.

Макета на Тројанскиот коњ, користена во филмот Троја, подарок од Бред Пит за турскиот град Чанак Кале.

За тоа време, Грците решаваат да употребат трик - пред портите на Троја оставаат подарок - Тројанскиот коњ, во чија внатрешност се скриени воини. Останатите трупи заминуваат. Тројанците го внесуваат грчкиот подарок во градот, а ноќта воините излегуваат од трупот на дрвениот коњ и го палат градот. Ахил погинува од стрела, погоден во петицата што е негова единствена слаба точка, а градот е запален и уништен. Филмот завршува со говорот на Одисеј:

Ако некогаш ја раскажуваат мојата приказна, нека раскажат дека чекорев со џиновите. Луѓето се искреваат и паѓаат како зимска пченица, но овие имиња никогаш нема да умрат. Нека раскажат дека живеев во времето на Хектор, кротителот на коњи. Нека раскажат дека живеев во времето на Ахил.

Продукција[уреди]

Најголемиот дел од филмот е сниман на островот Малта од април до јуни 2003 година, а некои сцени се снимени на малиот остров Комино. Ѕидините на Троја се изградени и снимани во Кабо Сан Лукас, Мексико.[2]

Музика[уреди]

Композиторот Габриел Јаред работел повеќе од година на музика на филмот, ангажиран од режисерот Волфганг Петерсен.

Вокалите низ разни делови од музиката се на Македонката Тања Царовска. Но откако е склопена првата верзија на музиката и филмот, на Јаред му е одземено правото да биде композитор на музика за овој филм за помалку од еден ден, и Ворнер Брос почнал да бара замена за него.[3]

Новата музика е составена за помалку од четири недели од страна на композиторот Џејмс Хорнер, кој ги употребил вокалите на Тања Царовска, употребил стара медитеранска музика и дувачки инструменти.

Реакции[уреди]

Откако е завршен филмот, трошоците изнесувале речиси 175.000.000 долари. Ова го прави филмот Троја еден од најскапите филмови на денешницата. Филмот е прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2004 година.[4]

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

За натамошно читање[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: