Троцифрен брејк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во снукерот, троцифрен брејк (англиски: century break) е чинот на освојување на 100 или повеќе бода во една посета на масата, без ниедно промашување, со наизменично внесување на црвени и обоени топки. За трицифрен брејк не се смета освојувањето на 100 бода во една рамка, бидејќи условот е сите бодови да се постигнат по ред, без прекин. Не се вбројуваат бодовите од фаул на противникот.

Најголемиот можен трицифрен брејк изнесува 147 бода (наречен „максимален брејк“), и се состои од 15 црвени, 15 црни и останатите шест обоени топки; жолтата, зелената, кафеавата, сината, розовата и црната се внесуваат едноподруго. Во исклучителни околности постои можност да се постигне брејк од 155 бода. Доколку на играчот му дојде редот по фаул на противникот и не може никако да удри ниедна црвена топка, тогаш се допушта да назначи една од обоените топки како црвена. Вака е можно да се внесат 16 црвени и црни, плус 27 бода од шесте други обоени топки, што дава вкупно 155 бода.

Трицифрениот брејк се постигнува само ако има барем десет црвени топки (или девет во слободна ситуација) на масата кога ќе му дојде редот на играчот. Доколку има девет црвени топки, најголемото можно бодовно салдо е 99 (= 9 x 8 + 27).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]