Тропски рај

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тропски Рај
250п
Лого
Жанр драма, теленовела
Создадена од Гилберто Брага
Настапуваат Алесандра Негрини
Фабио Асункао
Глорија Пирес
Тони Рамос
Најавна песна Sábado em Copacabana, Maria Bethânia
Земја на потекло Бразил
Јазик португалски
Број на епизоди 179 (бразилско население)
140 (интернационален пазар)
Продукција
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Глобо
Емитување 5 март 200728 септември 2007
Хронологија
Проследена од Двојно лице (2007–2008)
[Официјално мрежно место Официјална Веб-страница]

Тропски Рај (португалски: Paraiso Tropical), е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2007 година, со 179 епизоди . Серијата имаше огромен успех во Бразил, а голема причина беше тоа што оваа серија се емитуваше во ударниот термин. Првата епизода ја гледале 41% од населението а последната епизода ја гледале 56% од населението.

Синопсис[уреди]

Антенор Кавалканти е моќен бизнисмен, ладен и син на бившиот претседател на фирмата, Белисарио, од кој се држе на дистанца. Го изгубил својот син кога имал 16 години, и својот втор син го гледа во млад бизнисмен Даниел Бастотс, можен наследник на неговите фирми. Антенор е во брак со Ана Луиса, но има љубовница младата Фабијана, адвокатка во својата фирма, но исто така се фрла и на други вработнички во неговата фирма. Амбициозниот Олаво, работник на висока позиција во фирмата Кавалканти, се бори за местото на наследник на Антенор и сака тоа да го постигне по било која цена. Неговата најголема препрека е Даниел, момче со одличен карактер, кој е, освен што згоден и шармантетн, е и интелегентен и образован. Во тек на едно патување на Бахаите, како би работел купување со преубави терени, Даниел ја сретнува Паола Вијана. Среќни заедно, планираат заеднички живот, но во плановите се вмешува и Олаво, кој воден од бес, успева да го скрши тој млад пар. После смртта на својата мајка, Амелија, Паола дознава како има сестра близначка. Моментално раздвоена од Даниел, Паола заминува во Рио де Жанеиро во потрага по своите соништа. Пред да се сретне со својот сакан, Даниел, се сретнува со Таис Грималдо, која е нејзината сестра близначка. Кариеристка, Таис е амбициозна, и наскоро се здружува со Олаво. Заедно, Олаво и Таис формираат опасен пар, спремни на се да им ја упропастат среќата на Даниел и Паола. Жителите на Копакабана се, во некоја рака, поврзани со Антенот. Овде е и Касио, кој воде среќен живот но никогаш немал храброст да се ожени со Луција, со која има син Матеус. Луција е ќерка на Клементе и Херминија, која успева да го освои Антенот, кој се заљубува во неа. Освен тоа уште една жителка на Копакобана е и Марион Новаес, мајка на Олаво и Ивана. Цинична, забавна, шик – тоа се најдобрите зборови кои ја опишуваат. Марион секогаш е во потрага за пријателство од кои некогаш ќе има корист. Затоа и станува пријателка на Ана Луиса, жената на Антенор, која не ни помислува како маж и ја мами. Освен споменатите, теленовелата нас не води во животите на разни други ликови, ги запознаваме нивните, жештини, мани и чуствата во тропскиот рај.... Копакобана...

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Алесандра Негрини Паола / Таис
Фабио Асункао Даниел
Тони Рамос Антенор
Глорија Пирес Луција
Ванер Моура Олаво
Бруно Гаглиасо Иван
Марсело Антони Касио
Рене де Вилмонд Ана Лусија
Марија Фернанда Кандидо Фабијана

Карактеризација на ликови[уреди]

Алесандра Негрини Паула Паула е убава, насмеана, силна и со одлучен карактер. Има етика, и прави се да биде добра со другите. Одгледана е од Амелија, но не се сложува со нејзината кариера, бидејќи таа е газдарица на еден бордел. Страда од предрасуди поради работата на нејзината мајка, но секогаш ги почитувала девојките кои работат кај нејзината мајка. Никогаш не е иста, бидејќи има сестра близначка. Кога ќе се заљуби во Даниел, влегува во љубовните соништа.

Фабио Асункао Даниел Бастос Син на домаќин кој работи за милионерот Антенор Кавалканти, едноставен, и ја искористува шансата која неговиот газда му ја дава. Убав и интелегентен и станува човек со работни навики. Поради тоа, завршува администрација, и добива голема работа во фирмата на Антенор, како администратор. Тој е нежен и се заљубува во Паула. Одтогаш сонува да биде близу до неа, и поради тоа е газда на еден мал хотел во тропскиот рај.

Алесандра Негрини Таис Убава, себична и интелегентна, живее во периферијата на Рио де Жанеиро. Нејзината најголема желба е да биде во дел од богатите, и сака по секоја цена тоа да го освои. Продава накит и презентира странски дизајнер. Одгледана е од нејзиниот дедо Исидоро. Се заљубува во Касио, со кој влегува во врска.

Тони Рамос Антенор Кавалканти Моќен бизнисмен кој има силен и владеечки карактер. Секогаш е посветен на работата, и никогаш не се осмелува да земе ниту малку одмор. Оженет е за Ана Луиса, но врската не ја држи под конец. Двојката се срушила кога нивниот син единец починал на 16 години. Од многу малце, со напорен труд успеал да го наследи целото богатство кое сега го има, без ничија помош. Има лоша врска со неговиот татко Белисарио Кавалканти.

Глорија Пирес Лусија Одлучна и силна жена која е самохрана мајка на Матеус, син, кој го има од нејзиното бившо момче Акасио. Напорно работи за да го одгледи нејзиното дете. По барање на нејзините родители, таа се префрлува во Копакобана. Откако ќе се разведи од Ана Луиса, Антенор се заљубува во неа.

Венер Мура Олаво Новаес Интелегентен и амбициозен, но не го прифаќа фактот дека Антенор Кавалканти повеќе го почитува Даниел, син од сиромашно семејство. Има добра работа во Групо Кавалканти и е успешен. Циничен е, и опасен, но се воздржува да држи добро однесување со Даниел.

Бруно Гаглиасо Иван Иван е добро и убаво момче кое може лесно да ја освои било која девојка. Огорчен е кон неговиот брат, Олаво Новаес, бидејќи во минатото сакал да биде далеку од неговото семејство. Уште од дете неговата мајка му велела дека е несакано дете во семејството. Поради тоа Иван може да разликува добро од опасно во неговиот живот.

Интернационално издание на музика од серијата[уреди]

Интернационално издание

Интернационално издание[уреди]

  1. You Give Me Something - James Morrison
  2. Last Request - Paolo Nuttini
  3. P.D.A. We Just Don't Care - John Legend
  4. Have You Ever Seen the Rain? - Rod Stewart
  5. Without You - Harry Nilsson
  6. Me and Mrs. Jones - Michael Bublé
  7. Since I Fell for You - Gladys Knight
  8. You Go To My Head - Michael Bolton
  9. Summerwind - Madeleine Peyroux
  10. Mon manége à moi - Etienne Daho
  11. Chaya Chaya - Nukleouz & DJ Seduction
  12. The Thrill is Gone - B.B. King
  13. Breezin' - George Benson
  14. The Man I Love - Caetano Veloso
  15. So Many Stars - Sérgio Mendes & Brasil '66
  16. Dream Dancing - Ella Fitzgerald
  17. I'm Sorry - Brenda Lee
  18. Vida Mía - Nora Rocca

Надворешни врски[уреди]