Тромава шриланканска мечка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Тромава мечка од Шри Ланка | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Ursidae |
| Род: | Melursus |
| Вид: | Melursus ursinus |
| Триномен назив | |
| Melursus ursinus inornatus Pucheran, 1855 |
|
Тромавата мечка од Шри Ланка (Melursus ursinus inornatus) е подвид на тромавата мечка. Живее во низинските шуми на островот Шри Ланка.
Оваа мечка е омнивор. Се храни со лешници, бадеми, бобинки и корења, но и со месо и мрша. Главен извор на храна и се инсектите кои ги наоѓа во гнили трупци или дрва благодарение на издолжената муцка. Многу ретко убива други животни и е голем љубител на медот.
Националниот парк Јала е најпознатото место во Шри Ланка каде што може да се набљудуваат овие животни.
Заштитен статус [уреди]
Овој подвид на тромава мечка е сериозно загрозен. Популацијата брои помалку од 1000 индивидуи (во дивината бројката веројатно е околу 500) во неколку изолирани популации чиј број константно се намалува. Уништувањето на шумите е најголема закана за тромавите мечки, бидејќи за разлика од останатите големи животни на Шри Ланка, овие животни се целосно зависни од шумите каде се снабдуваат со храна.
