Трки со двоколки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Современa реизведба на трка со двоколки
Циркус Максимус во Рим можел да прими околу 270.000 гледачи на трките

Трките со двоколки (грчки: ἁρματοδρομία/armatodromia, латински: ludi circenses), бил еден од најпопуларните спортови во Античка Грција, Античка Македонија, Антички Рим, и во Византија. Трките биле опасни и за возачите и за коњите, и често завршувале со смрт, но предизвикувале воодушевување кај публиката поради својата драматичност.

Во римската верзија на трките, тимовите претставувале различни групи на финансиски поддржувачи, кои честопати се натпреварувале за најдобрите возачи. Поради тоа се создавале фракции кои со време почнале да добиваат и политички, социјални или религиозни примеси. Ова особено било случај во Византија, кајшто од првобитните фракции на Зелени, Бели, Сини и Црвени, на крајот останале само две - Зелените и Сините, чие ривалство кулминирало со Бунтот Ника.

Навивачките групи на Зелените и Сините во Византија биле толку влијателни, што и императорите во Византија понекогаш припаѓале на некоја од групите, или пак барале нивна политичка поддршка за да дојдат на власт, како на пример императорот Фокас во 602. година.

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]