Тринитротолуол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
тринитротолуол
Trinitrotoluene.svg
TNT-3D-balls.png
Име 2-Метил-1,3,5-тринитро-циклохекса-1,3,5-триен
Други имиња 2,4,6-ринитротолуол,
Тротил
2,4,6-Тринитрометилбензен
Кратенка ТНТ
Формула C7H5N3O6
Моларна маса 227,131 g/mol
Изглед жолт аморфен тврд
Густина 1,654 g/cm³
Точка на топење 80,35 °C
Точка на вриење (распад) 295 °C
Растворливост 130 mg/l вода (H2O, 20 °C)
Други растворувачи етер
ацетон
бензен
пиридин
Неосетлив на удар  
Неосетлив на триење до 353 N
Брзина на експлозија 6,900 m/s

Тринитротолуол (ТНТ) е хемиско соединение со формула CH3C6(NO2)3CH3. Тоа е во цврста агрегатна форма, со жолта боја и е најдобро познато како експлозивен материјал со практични карактеристики за ракување. Експлозивната моќ на ТНТ се користи како стандардна мерка за силата на бомбите и на другите експлозиви.

Подготовка[уреди]

ТНТ се синтетизира во процес од три чекори.[1] Прво толуенот се нитрира со мешавина на сулфурна киселина и азотна киселина и се добива мононитротолуол; потоа се повторува постапката уште два пати за да се добие ТНТ. Киселините што се употребуваат за нитрација се рециклираат и повторно се користат во производството.

Примени[уреди]

ТНТ е еден од најчесто користените експлозиви за воени и индустриски намени. Ценет е бидејќи е многу инертен и отпорен на триење и температура, па затоа е безбеден за користење. Се топи на 80 °C, далеку под неговата точка на вриење од 295 °C, и затоа може да се топи и лие во калапи или меша со други експлозиви.

Експлозивни особини[уреди]

По експлозијата, ТНТ се распаѓа на следниов начин:

2 C7H5N3O6 → 3 N2 + 5 H2O + 7 CO + 7 C

Реакцијата е егзотермна, но има висока енергија на активација. Поради продукцијата на јаглерод, експлозиите на ТНТ имаат чадлив изглед.

Историја[уреди]

ТНТ првпат бил произведен во 1863. од Германскиот хемичар Јозеф Вилбранд[2] кој го корисtел како жолта боја. Неговиот потенцијал како експлозив не бил користен неколку години потоа бидејќи било многу тешко да се детонира. Германските вооружени сили го усвоиле како полнење за нивната артилерија во 1902. Британците ги следеле во 1907.

Токсичност[уреди]

ТНТ е отровен и допирот со кожата може да предизвика иритација и промена на бојата на кожата во светло жолто-портокалова. Луѓе кои се подолго време изложени на допир со ТНТ може да добијат анемија, пореметена функција на црниот дроб, зголемување на слезината и други крвни промени и пореметувања на имуниот систем. Постојат и докази дека ТНТ е штетен за машката плодност, а се смета и за можен канцероген.[3]

Некои воени полигони се контаминирани со ТНТ. Отпадните води од производните погони за муниција исто ги загадуваат водите и тие може да имаат црвеникава боја. Чистењето на контаминацијата со ТНТ е скапо и тешко.

Наводи[уреди]

  1. Army TM 9-1300-214, стр. 8-83
  2. J. Wilbrand (1863). „Notiz über Trinitrotoluol“. „Annalen der Chemie und Pharmacie128 (2): 178-179. doi:10.1002/jlac.18631280206. 
  3. „2,4,6-Trinitrotoluene“. Agency for Toxic Substances and Disease Registry. септември 1996. http://permanent.access.gpo.gov/lps21/tfacts81.html. конс. 2 февруари 2008. 

Надворешни врски[уреди]