Трилече

Од Википедија — слободната енциклопедија
Украсено парче од трилече сервирано во Индија

Трилече или торта со три млека (шпански: torta de tres leches), или леб со три млека (pan tres leches), е сунѓереста торта - во некои рецепти, и путереста торта - натопена во три вида на млеко: млеко во прав, кондензирано млеко и суров крем.

Кога путерот не се користи, на трилечето е многу лесна торта, со многу воздушни меурчиња. Оваа посебна текстура е таква, бидејќи нема влажна содржина, и покрај тоа што е натопена во мешавина на три типа на млеко.

Популарност и потекло[уреди | уреди извор]

Трилечето е најпопуларно во Средна и Јужна Америка, Северна Америка и многу делови на Карибите. Потеклото е спорно, но сепак идејата за создавање торта натопена во течност најверојатно е од средновековно европско потекло, слична на тортите како што се британската Трифл, и италијанското Тирамису, кои го користат овој метод. Рецепти за натопени десерти беа забележани во Мексико во почетокот на 19 век, веројатно резултат на големиот меѓукултурен пренос што се одржа меѓу Европа и Америка. Рецептите се појавија од страна на компанијата Нестле која ги етикетира во 1940 година, што може да ја објасни широката распространетост на популарноста на тортата низ Латинска Америка, бидејќи компанијата создаде подружници во Аргентина, Чиле, Куба, Мексико и Венецуела во 1930 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]