Триклиниум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реконструкција на Триклиниум

Триклиниум е формална трпезарија во римската куќа. Зборот има грчко потекло, имено доаѓа од грчкото τρικλίνιον, triklinion; τρι - три и κλίνη, klinē - кревет. Во просторијата биле поставени три кревети, на три страни од ниска маса. Оние што вечераат се во полу-лежечка положба на креветите. Четвртата страна на масата е оставена празна, веројатно за да служи како дел од масата од каде што се служи.[1]

Овие соби биле мошне чести. Тие се користеле за јадење заедно со гостите и сите се наслонувале на перници. За пример на точно реконструиран триклинум, посетете го Археолошкиот музеј во Арецо, Италија или Кароновата куќа во Помпеја.

Се смета дека Тајната Вечера се јадела во триклинум.

Вчерите биле важен ритуал во римскиот живот и траеле од доцна попладне до доцна навечер. Обично биле поканети 9-20 гости, сместени по препишаниот ред за да се нагласат разликите во статус и релативната блискост до домаќинот. Како статично, привилегирано место, трпезаријата била многу декорирана, со комплексни перспективни сцени и централни слики (или мозаици). Дионис, Венера, и мртва природа од јадења била честа глетка, од очигледни причини. Римските куќи од средната и високата класа имале најмалку два тринклинума; неретко наоѓаме и четири или повеќе. Големата трпезарија (triclinium maius) се употребувала за поголеми вечери, на кои биле пристуни доста клиенти на домаќинот.

Помалите триклинуми се користеле за помали вечери, со поексклузивни гости. Затоа, нивната декорација била барем толку раскошна колку кај големата трпезарија. како и кај поголемите триклинуми, виното, храната и љубовта биле популарни теми за декорација. Меѓутоа, заради нивната директна поврзаност со покровителство и заради тоа што таму често се рецитирала интелектуална книжевност како епоови, трпезариите биле украсувани и со „посериозни“ теми, како да речеме онакви од епски карактер. Помалата трпезарија (triclinium minus) можела и да сочинува апартман заедно со кубикулум и бања. Триклинумот го носи името по трие кауча на кои членовите на семејството и нивните гости лежеле додека ручавале. Секој кауч ил доволно широк за тројца кои се наслонувале налево на перници додека домашните робови служеле јадења од кујната, а други пак, ги забавувале гостите со музика, песна или танц.

Наводи[уреди]

  1. Durant, Will. Caesar and Christ. New York: Simon and Schuster, 1971 p. 376.

Надворешни врски[уреди]

  • Triclinium (План на римска куќа)