Трене

Координати: 54°25′26″N 9°17′08″E / 54.424° СГШ; 9.2855° ИГД / 54.424; 9.2855
Од Википедија — слободната енциклопедија
Трене
Место Шлезвиг-Холштајн, Германија
Должина 73 км
Извор Треско Езеро
54°25′26″N 9°17′08″E / 54.424° СГШ; 9.2855° ИГД / 54.424; 9.2855
Висина на изворот 23 м над м.н.
Утока Фридрихштат
54°13′17″N 9°31′01″E / 54.2214° СГШ; 9.517° ИГД / 54.2214; 9.517
Висина на утоката 0 м над м.н.
Спуст 23 м
Слив Ајдер
Одлив Ајдер → Северно Море
Паланки Фридрихштат
Села Тарп, Швабштет
Пловност од Швабштет за спортски чамци, во горниот дел педалинки
Трене кај Волде

Трене (германски: Treene; дански: Trenen) — река, долга 73 километри, во северниот дел на сојузната поктаина Шлезвиг-Холштајн. Претставува десна притока на реката Ајдер. Извира во северниот дел на полуостровот Ангелн, југоисточно од Фленсбург и главно тече југ-југозапад, пред да се влие во Ајдер близу Фридрихштат.

Трене извира од Треското Езеро близу Гросзолт во округот Шлезвиг-Фленсбург и тече околу 73 километри, поминувајќи низ градот Фридрихштат (во округот Северна Фризија) на 25 километри над Ајдерската брана, каде се влева во Ајдер, како нејзина најважна притока. Бонденау е најважната притока на Трене, која извира 15 километри источно од Треското Езеро, близу Зеруп на полуостровот Ангелн. Така, Трене е необичен случај на река која извира на полуостров во Балтичкото Море, а се влева во Северното Море. Помеѓу Треското Езеро и Тидал постои природен резерват кој покрива област од 20 км² (Ober Treenelandschaft).

Поврзано[уреди | уреди извор]