Трговски центар Чевахир (Истанбул)
| Чевахир Cevahir Alışveriş Merkezi |
|
|---|---|
| Локација | Шишли, Истанбул, Турција |
| Основање | 15 октомври 2005 |
| Од | Групација Чевахир |
| Површина (m²) | 420.000 |
| Број на продавници | 343 |
| Број на кафулиња | |
| Забава | 12 кина |
| Капацитет на паркинг | 2,500 |
| Интернет страна | [1] |
Трговскиот центар Чевахир се наоѓа во областа Шишли во Истанбул, Турција, на европската страна од градот. Изградбата започнала во 1997 година, а конечно трговскиот центар бил отворен на 15 октомври 2005 година, од страна на премиерот Реџеп Ердоган. На отварањето присуствувале 450.000 луѓе. Објектот е познат и како Şişli Kultur ve Ticaret Merkezi односно Шиплиски културен и трговски центар. Овој трговски центар е најголемиот во Европа, а шести по големина во светот.[1]
Чевахир има вкупна површина од 420.000 квадратни метри (4.521.000 sq ft), а цената за неговата изградба била US $ 250 милиони. Има 343 продавници, од кои некои се на прво место во Турција по продажба на меѓународни брендови; 34 ресторани за брза храна и 14 ексклузивни ресторани. Вклучува и други објекти како: 12 кина вклучувајќи приватен театар и кино за деца. Зградата на 2.500 м2 (26.910 sq ft) стаклен покрив го има најголемиот часовник во светот, со три-метри (10 стапки) високи бројки.
На паркингот има капацитет од 2.500 автомобили. 5.000 луѓе се вработени за одржување на објектот. До објектот лесно може да се стигне бидејќи тој е поврзан до Истанбулското метро. Дневно, Чевахир се посетува од страна на 190.000 купувачи. Тој е отворен секој ден од 10:00-22:00 часот.
Содржина |
Галерија [уреди]
Видете исто [уреди]
Наводи [уреди]
- Emporis Global Structure Listings Cevahir Istanbul
- Istanbul news
Надворешни врски [уреди]