Трајко Дурчовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајко Дурчовски
Роден/а1943
Црна Река, Гуменџиско
ЗанимањеПоет

Трајко Дурчовскимакедонски уметник и поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1943 година во с. Црна Река кај Гуменџе, Егејска Македонија. Како дете ја доживува судбината на бегалец: заедно со мајка си, двајцата браќа и двете сестри, во 1948 година пребегал во Војводина, откако неговиот татко загинал како учесник во Граѓанската војна во Грција. Семејството било раздвоено и префрлено во Чехословачка. Детството го минал во детските домови во Димокури, Шилхежовице и Нове Хради. По школувањето се вработил во Тжинец, каде оформил свое семејство. Во Тжинец во 1962 година неговото семејство пак се споило и Трајко започнува да се занимава со уметничко творештво. Негова преокупација се сликите во железо. Во 1974 година преминува во Република Македонија, едно време живее во Дебар, а потоа во Охрид.[1]

Дурчовски е автор на три стихозбирки, а има учествувано на изложби на кои ги претставува своите ликовни дела од железо.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

  • Дружба со ветерот (1998)
  • Мајчина душичка (2003)
  • Железен сон (2008)

Изложби[уреди | уреди извор]

  • 03. 09. 2003 во Охрид
  • 24. 05. 2003 во Битола
  • 14. 08. 2003 во Охрид
  • 10. 08. 2004 во Охрид
  • 18. 09. 2004 во Елшани
  • 06. 02. 2005 во Охрид
  • 04. 02. 2006 во Охрид
  • 03. 06. 2006 во Штип
  • 04. 02. 2006 во Охрид
  • 25. 10. 2008 во Охрид

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Мишо Јузмески: „Пофални слова“, Благоевград, 2006