Трајанова порта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Трајанова врата

Влезот на тврдината и меморијалната плоча од 19 август 2006
Општи информации
Град Ихтиман
Земја Бугарија

Трајанова врата (бугарски: Траянови врата) е историски премин во близината на градот Ихтиман, а во денешно време и име на тунел долж автомагистралата „Тракија“.

Тврдина Трајанова врата[уреди]

Проходот е именуван по римскиот Цар Трајан, кој во II век на ридот над тврдината направил тврдина како симболична граница помеѓу провинциите Тракија и Македонија. Тврината е позната и како Штипон.

На 17 август 986 год. византискиот император Василиј II врши напад врз самоиловото царство, војската на чело со цар Самоил ја победува византиската армија токму кај преминот Трајанова врата.

Тунел „Трајанова врата“[уреди]

Тунелот „Трајанова врата“ по патот кон Софија

Низ соседниот рид на тврдината е прокопан тунелот „Трајанова врата“, коj е дел од автомагистрала „Тракија“. Тоа се ноаѓа на околу 55 километра од Софија, а наjблискиот град е Костенец. Тунелот ги има сите европски стандарди.