Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Тој едноставно не е заинтересиран за тебе
(He’s Just Not That Into You)“
Notintoyouposter.jpg
Официјален постер
Режирано од Кен Квапис
Продуцент Дру Баримур
Сценарист Грег Бехрендт
Настапуваат Дру Баримур
Џенифер Анистон
Бен Афлек
Скарлет Јохансон
Музика Клиф Еиделман
Дистрибутер New Line Cinema
Премиера 6 февруари 2009
Времетраење 129 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет 25 мил. долари
Бруто заработка $199.275.937 (до 2 март 2009)

Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (англиски: He’s Just Not That Into You) е американски комедија-филм од 2009 година. Филмот е темелен на популарниот бестселер на Грег Бехрендт и Лиз Тучило, писатели кои соработуваа на телевизиската серија Сексот и градот. Филмот носи приказни собрани меѓусебно за личности и за нивните врски кои потекнуваат од плитки до длабоки матни брачни води.

Синопсис[уреди]

Уште откако имала пет години, на Гиги (Џинифер Гудвин) секогаш и велеа дека многу лесно ќе препознае кое момче е заинтересирано за неа – тоа е обично оној кој се однесува како збунета будала. Денес, после многу години, Гиги секојдневно се бори да ја пронајде љубовта на својот живот. Проблемот е во тоа што секогаш бара на погрешни места, излегувајќи со момчиња на кои му е сеедно за неа. Токму поради тоа беше случајот и со нејзиниот последен состанок, Конор (Кевин Коноли). Но тој после тоа веќе не и се јави. Сепак, Гиги успеа да се увери во неколку (не)возможни причини – можеби ја скршил колата, можеби морал да ја посети баба му, или пак можеби го изгубил мобилниот.

Одлучила да го посети неговиот омилен бар, мислејќи дека ‘случајно ќе налети’ на него и би ја решила ситуацијата. Во барот го запзонава пријателот на Конор, Алекс, кој веднаш сфаќа што се случува, откако Гиги објаснува дека тој не е заинтересиран за неа. Во меѓувреме, Конор, кој веќе завршува со состанокот со Гиги, ја повикува својата девојка Ана (Скарлет Јохансон) да провери што има ново кај неа. Таа се наоѓа во супермаркетот каде го запознава Бен и тие двајца си разменуваат броеви бидејќи Бен тврди дека познава луѓе кои би можеле да и помогнат околу нејзината музичка кариера.

Пријателот на Бен, Неил (Бен Афлек) следи се од автомобилот и се чуди што работи неговиот пријатели, бидејќи веќе некое време е оженет со Џанин (Џенифер Конели). Но, Неил има и свои проблеми – кога доаѓа дома го дочекува неговата долгогодишна девојка Бет (Џенифер Анистон) со веста дека нејзината помлада сестра се мажи. Неил добро знае каде овој разговор, бидејќи Бет веќе неколку пати спомнува венчавка, но него таа идеја за бракот не му се допаѓа. Наскоро нивната врска ќе доживее вистинска криза, што ќе ги поврзи сите актери во оваа романтична комедија во една голема збрка.

Актерска екипа[уреди]

Глумци Ликови
Џенифер Анистон Бет Бартлет
Бен Афлек Неил Џонс
Џинифер Гудвин Гиги Хаим
Џенифер Конели Џанин Гундерс
Скарлет Јохансон Ана Тејлор
Дру Баримур Мери Харис

Филмски критики[уреди]

Кај критичарите состојбата е следна. На интернет страницата Rotten Tomatoes оваа романтична комедија е оценета со слаби 42%, а консензус критиката гласи вака – и покрај тоа што со најдобри намери на талентираната екипа, на филмот едноставно му е посветено премалку време на поедини ликови и така ги води на добро познатите стереотипи. Секако, имаше такви кои не штедеа на дрво и камен: ‘Ако сакате да видете како изгледа животот во дваесетите со нула забава, тогаш ова е вистинска работа за вас.’ (Time Magazine).

Надворешни врски[уреди]