Торета

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Конзолирани торети на замокот Њуварк, Шкотска

Во архитектурата, торета (од италијански: torretta, куличка; латински: turris, кула) е мала кула која се издава од ѕидот на една зграда како да речеме замок. Тие се користат за добивање на издадена одбрамбена позиција како и покривајќи го соседниот ѕид во времето на тврдините. Кога нивната воена употреба се изгубила, торетите почнале да се користат за украсни цели, како кај шкотскиот баронски стил.

Торетата може да има рамен покрив со кренелации како на сликата, зашилен или друг вид на покрив. Доколку торетата се издига повисоко од градбата, тука има и скалиште. Меѓутоа не мора да значи дека таа треба да биде повисока од зградата; во овој случај таа е дел од соба, во кој едноставно се влегува.

Една градба може да има и торети и кули; торетите може да се помали или повисоко поставени, но опто гледано разликата е во тоа што торетата се издига од некое место на ѕид, додека кулата почнува од земја. Така големината на торетата зависи од технологијата, заради тоа што прави додатен напор на градбата. Традиционално торетата ја поткрепува конзол.

Видете исто така[уреди]