Топкапи Сарај

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Топкапи Сарај
Topkapı Sarayı
Topkapi Palace Bosphorus.JPG
Поглед на Топкапи Сарај од Босфорот
Податоци
Место Истанбул
Земја Турција
Архитект Мехмед II, Алаудин, Давуд Ага, Мимар Синан
Клиент османлиски султани
Изградбата започнала 15 век
Стил Барок, османлиска архитекрура
Големина 592.600 - 700.000 м²

Топкапи Сарај (турски:Topkapı Sarayı[1]) е музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година[2]. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.

Палатата претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед[2]. Денеска, Топкапи Сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.

Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во спосокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси некогаш изграден во времето на Османлиите[3].

Константинопол[уреди]

Топкапи Сарај бил изграден врз византиски дворец, кој претставувал центар на византиското управување. Камените и столбовите кој останале од византиската палата биле искористени за изградба на дел од Топкапи. Денеска сеуште се чува и е под заштита системот кој користел за снабдување на вода во дворецот. Во една од дворовите се наоѓа и кадата односно местото каде биле крштевани дел од византиското царско семејство.

Изградба[уреди]

Изградбата на палатата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II, кој претходно во 1453 година го освоил Константинопол. Во превод, Топкапи Сарај значи “Дворец на топовските врати“, бидејќи бил изграден на местото каде претходно се наоѓале главните порти на градот, кои биле разрушени по падот во 1453 година од страна на отоманските топови. Палатата како во времето на Константинопол, така и но неговото зазимање, претставувал стратешко место, главно поради тоа што од три страни објектот се наоѓа опколен со вода. Кон морето биле изградени високи ѕидини, а на на останатата, опсадни ѕиднини, долги 1400 метри, наречени "Сур-и Султани".

На врвот од својата моќ на Отоманската Империја, палатата претставувала еден вид на мал град, во кои живееле 4.000 луѓе[2]. Во тоа време, палатата покривала поголем дел, за разлика од денес (700.000 m²). Со текот на времето, комплексот постојано бил прошируван. една од најголемите реконструкции на палатата била по земјотресот во Цариград во 1509 година и големиот пожар во 1665 година.

Во текот на 17 век, палатата започнала да ја губи својата важност, бидејќи султанот својата главна резиденција ја префрлил во Долмабахче покрај Босфорот. Така, голем дел од историските богатства биле префрлени во новата палата.

По распаѓањето на Отоманската Империја во 1921 година, Топкапи Сарај со државен декрет во 1924 година била претворена во музеј под директива на Министерството за култура и туризам. Денеска, овде се наоѓаат повеќе од 12.000 експонати како кинески порцелани, 900 јапонски порцелани, килими главно од Персија.

Карактеристики[уреди]

Палатата претставува комплекс која се состои од четири главни дворови, со стотина простории и најразлични градби на простор од 592,600 m². Во неа се наоѓаат џамија, болница, пекара и ковачница. Само делумно најважните простории се отворени за јавноста, а останатите се строго забранети за посетителите. Самиот комплекс се обезбедува од страна на вооружените сили на турската армија.

Порти[уреди]

Султанската порта или Bâb-ı Hümâyûn, води кон првиот двор во кој пак се наоѓале главната администрација. Првиот двор е заграден од високи ѕидини и исто така е познат и како дворот на јаничарите.

Во вториот двор се влегува преку т.н. Врата на поздравот или Bâb-üs Selâm, каде се наоѓала т.н. империјална сала или софа. Т.н. Чиста врата водела кон третиот дворец, каде се наоѓал харемот (Harem-i Hümayûn), како и приватните простории на султанот и приватните школи за семејството (enderun). Во четвртиот дел, попат се наоѓа голем балкон кој гледа кон Босфорот, и ова било местото каде султнот го поминувал забавниот дел од животот.

Освен тоа што палатата претставува одличен пример за отоманската архитектура, во неа се наоѓаат и вредни примероци од султанските гардероби, мебел, голема количина на порцелан, оружје, илуминатски ракописи, калигрифи и фрески и слично.

Султански совет[уреди]

Султанскиот совет (Dîvân-ı Hümâyûn) е зградата каде се наоѓало седиштето на државните министри, кој пак се состоел од големиот визер, визери и други водечки функционери во Отоманската Империја. Првото седиште за Големиот везир било изградено во времето на Мехмед II, а сегашниот изглед на зградата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Како главен архитект кој бил избран за изградба на овој дел за министрите бил архитектот Алседин. Од тогаш, овој дел претрпел повеќе промени. Тој бил во голема мера оштетен а по ова и реставриран по големиот пожар во харемот во 1665 година. Натписот на влезот исто така бил обновен за времето на султаните Селим III и Махмуд II[4].

Од 18 век, па натаму, место започнало да го губи своето оригинално значење, како што државната администрација заедно со Големиот визер, чии работни простории постепено биле префрлени во Долмабахче. Последниот состанок на Советот се одржал на 30 август, 1876 година, кога владата (Vükela Heyeti) се сретнала во врска со поставувањето на Мурат V за нов султан на империјата, каде било одлучено дека тој е психички болен, по кое тој бил затворен каде починал по 28 години.

Самата фасада, и деловите каде се наоѓаат натписите, се споменуваат дека биле реставрирани во 1792 и 1819 година, и тоа под султанот Селим III и Махмуд II. Фасадата е изработена во стил на рококо, а и самата внатрешност на султанскиот совет исто така.

Кула на праведноста[уреди]

Кулата на правдата (Adalet Kulesi) се наоѓа помеѓу Султанскиот совет и Харемот. Кулата е највисоката градба во дворецот, што ја прави јасно видлива од Босфорот како ознака за местото. Кулата била изградена веројатно првично во времето на Мехмед II, а потоа обновена од Сулејман I меѓу 1527-1529 година[5]. Султан Махмуд II го обновил светилникот на кулата во 1825 година[6].

Кулата ја симболизира вечната будност на султанот против неправдата. Кулата била користена и од страна на султанот за свои потреби изадоволства[7].

Харем[уреди]

Султанскиот харем претставувал дел од палатата посветен за приватниот живот на султанот. Овој дел бил дом на мајката на султанот, осносно Велиде султан, жените на султанот, слугинките, како и остатокот од неговото семејство[8]. Самиот харем се состои од серија на згради и градби, поврзани со ходници помеѓу себе и дворови. Секоја служела односно била поставена според хиерархијата на управување. Овој дел содржи повеќе од 100 соби[9], и денеска се сите отворени за посетителите.

Голем дел од собите на харемот биле дизајнирани од страна на големиот отомански архитект Мимар Синан.

Останати знаменитости[уреди]

Во палатата се наоѓа и библиотека во која се чуваат повеќе од 22.000 рачно напишани книги. Во библиотеката, освен на арапски, персиски и отомански, постојат и книги и текстови преведени на словенски, грчки, ерменски, латински и унгарски јазик. Местото каде живеел султанот Мехмед денеска е претворено во султанска ризница. Во овој дел од палатата е изложен и тронот кој бил подарен од Персија (Иран), различни подароци од Индија од ерата на Бабурите, свети реликви од времето на Византија, како и дијаманти кои се многу ретки денеска во светот.

Во султанските кујни денеска можат да се видат дел од самиот прибор на тогашните владетели и султанското семејство. Вишето училиште или Ендерун претставува место каде биле учени специјално одбирани деца (девширме), и кои биле подготвувани исклучиво за државна или воена служба. Овде тие добивале теоретска основа, но и учествувале во подршката на двоскиот живот. Денеска, на ова место се наоѓа текстилната секција, каде се чуваат и дел од облеката на муслиманскиот пророк Мухамед.

Основен дел од отоманскиот дворец претставува неговата архива, односно документите на Отоманската империја, како и оние кои биле поврзани со односите на империјата со сите останати суверени европски и азиски земји. Отоманците биле познати по тоа што оддавале голема улога и значење на архивното дело и неговата практика била исклучително стриктна.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. The word "Topkapı" is pronounced "Tope-kah-py" (with long "o").
  2. 2,0 2,1 2,2 Simons, Marlise. „Center of Ottoman Power“, „New York Times“, 22 август 1993 (конс. 4 јуни 2009).
  3. ICOMOS (2006). „2006 Periodic Reporting“ (PDF). „State of Conservation of World Heritage Properties in Europe SECTION II“. UNESCO. http://whc.unesco.org/archive/periodicreporting/EUR/cycle01/section2/356-summary.pdf. конс. 17 септември 2008. 
  4. Necipoğlu, pg. 82
  5. Necipoğlu, pg. 85
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Necipo.C4.9Flu.2C_pg._86.
  7. Necipoğlu, pg. 84-86
  8. „Harem“. „Topkapı Palace Museum“. архивирано од оригиналот на 3 април 2008. http://web.archive.org/web/20080403105227/http://www.topkapisarayi.gov.tr/eng/harem.html. конс. 16 август 2008. 
  9. The chambers and parts explained here are only those open to the public as of 2008.

Надворешни врски[уреди]