Тони Симиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Симиќ
ПозицијаЦентар (како играч)
Тренер
Висина2,10 м
Тежинакг
ЛигаВтора македонска кошаркарска лига
КлубБаскет Кам
Број8
Роден8 јуни 1976(1976-06-08)(47 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1993–2016
Клубови
Како играч:
1993-1998МЗТ Аеродром
1998-2005Работнички
2005Котвице
2005-2009Работнички
2009-2010Вардар Осигурување
2010Торус
2010-11Работнички
2011-2014Лирија
2014-2015Фени Индустри
2015-2016Работнички
Како тренер:
2018–2020Партизан Водно Санс
2021–Баскет Кам
Репрезентација
Инфо од: 13.03.2021.

Тони Симиќ (роден на 8 јуни 1976 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и репрезентативец. Тони Симиќ играл на центарската позиција. Тој е моментално тренер на Баскет Кам.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тони Симиќ имал кратка меѓународна кариера во полски Котвице во 2005 година кога на почетокот на сезоната одиграл два натпревари.[1][2]

Во летото 2010 година, откако клубот од претходната сезона Вардар Осигурување се распаднал, Симиќ потпишал договор со Торус. Но таму не останал долго и веќе во септември бил во редовите на Работнички во пресрет на сезоната 2010/11.[3] Таа сезона, Симиќ со Работнички го освоил Купот на Македонија 2011, а и бил вицепрвак во Првенството.

Откако бил без клуб во сезоната 2015/16, во декември Симиќ потпишал за второлигашот Гостивар.[4][5] Во 2016 година Симиќ се пензионирал како кошаркар и станал тренер на младинската школа на Работнички.[6] Потоа Симиќ станал младински тренер на Партизан Мулти Шпед.[7] Во сезоната 2018/19, Симиќ станал тренер на сениорите на Партизан Мулти Шпед Водно Санс, екипа која се натпреварувала во Втората лига.[8] Следната сезона, Симиќ продолжил како тренер на Партизан Водно Санс.[9] На полусезоната од сезоната 2020/21, Симиќ го напуштил Партизан Водно Санс и се преселил во Баскет Кам.[10][11]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тони Симиќ статистика pzkosz.pl
  2. Тони Симиќ статистика plk.pl
  3. „Работнички потпиша и со Димитровски“. gladijatori.com преку web.archive.org. 24 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 3 април 2020.
  4. Ветеранот не се предава: Симиќ и се враќа на кошарката – ќе игра за второлигашот Гостивар! sportmedia.mk 15 декември 2015
  5. Тони Симиќ го засили второлигашот Гостивар Архивирано на 19 декември 2015 г. sport365.mk 15 декември 2015
  6. Тони Симиќ нов тренер во школата на Работнички sportmedia.mk 5 септември 2016
  7. „МКФ бара да се игрa, Партизан бара службена победа“. sportmedia.mk. 29 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  8. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2018/19“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација. 25 јануари 2019. Посетено на 1 февруари 2019.[мртва врска]
  9. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2019/20“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија. 17 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-23. Посетено на 23 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Тони Симиќ си замина од Партизан и се „пресели" во Македонска Каменица!“. gol.mk преку web.archive.org. 11 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „НАЈНОВА ВЕСТ: Тони Симиќ го напушти Партизан и доаѓа во "Баскет Кам" Македонска Каменица“. kamenica.mk преку web.archive.org. 12 јануари 2021. Посетено на 13 март 2021.
  12. Фершпед Работнички шампион по 12-ти пат[мртва врска] vest.com.mk 26 мај 2005
  13. „„Новинарите" подобри од репрезентацијата“. sportskoradio903.com.mk. 25 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 26 февруари 2018.
  14. „Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“. vecer.mk. 25 декември 2006. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  15. 15,0 15,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  16. „Тони Симиќ е кошаркар на годината“. vest.com.mk преку archive.li. 9 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 26 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]