Томе Атанасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томе Атанасов

Томе Атанасов (1984) — македонски обоист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Томе Атанасов е роден во 1984 година. Започнува да свири обоа во средото музичко училиште во Скопје во класата на Васил Атанасов. Во 2002 година добил стипендија на летната музичка академија „Интерлохен артс академи“ во САД, а од 2003 година продолжил да се усовршува во таа академија, во класата на професорот Даниел Столпер. Потоа, образованието го продолжил во Германија на Универзитетот за уметности во Есен со Пјер Фајт и Михаел Низеман.[1] Меѓу неговите ментори се вбројуваат имиња на обоисти како Давид Валтер, Штефан Шили, Џосеф Робинсон, Илејн Дувас, Џон Мек, Алексеј Огринчук, Вошингтон Барела итн.Има реализирано рекорден број на преку илјада соло концерти низ светот во Германија, Франција, Шпанија, Ибица, Мајорка, Холандија, Белгија, Данска, Шведска, Швајцарија, Италија, САД, Кина, Ј.Кореја, Австралија, Нов Зеланд итн. во едни од најпрестижните концертни сали како Сиднеј Опера Хаус, Палау де ла музика Валенсија, Ла Скала Милано, Баерише Рундфунк, Минхен, Диселдорф, Келн, Бон, Хановер, Хамбург, Берлин, Шангхаи, Пекинг итн. Томе Атанасов е долгогодишен солист на Камерната Филхармонија од Келн и прв обоист на Националната Опера и Балет во Македонија.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Атанасов соработува со неколку германски оркестри, а истовремено, тој е член во неколку музички ансамбли:[1]

  • триото „Атанасов“
  • камерниот оркестар „Скопски солисти“
  • камерниот оркестар „Симфонија“ од Софија.
  • Младинска Филхармонија Келн
  • Камерната Филхармонија од Келн
  • Класична Филхармонија Бон
  • Симфониски Оркестар Хаген
  • Камерна Филхармонија Гутерсло
  • Франкфурт Синфоникер
  • Македонска Филхармонија
  • Национална Опера и Балет

Томе Атанасов е добитник на повеќе награди во Македонија и во странство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Обоистот Томе Атанасов промовира цеде во Келн“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 19.