Томас Транстромер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец Томас Транстромер Nobel prize medal.svg
Transtroemer.jpg
Транстромер во 2008 год.
Роден Томас Госта Транстромер
15 април 1931 (1931-04-15) (83 г.)
Стокхолм, Шведска
Занимање Поет, психолог
Националност Швеѓанин
Период 1954
Значајни дела Недовршениот рај
Прозорци и камења
Балтик
За живите и за мртвите
Тажната гондола
Значајни награди Нобелова награда за литература
2011
Сопружник Моника Блад

Томас Транстромер (шведски: Tomas Tranströmer, р. 15 април 1931) — шведски поет, психолог и преведувач. Во неговата лирика се даваат описи за нордиската зима, ритамот и убавината на пејсажите и природата. Низ неговата поезија се чувствува и прикриена нишка на мистика, помешана со блага религиозност. Ужива голема меѓународна почит, за што говори и податокот дека неговите дела се преведени на повеќе од 60 светски јазици. Се смета за еден од најзначајните повоени европски поети. Во 2011 година ја добил Нобеловата награда за литература, со што станал седмиот носител на такво признание од својата земја.[1] Освен на Нобеловата награда, Транстромер е добитник и на Златниот венец од Струшките вечери на поезијата, со кој се закитил во 2003 год.

Шведската кралска академија откри еден многу интересен податок поврзан со името на овој поет. Имено, Транстромер бил номиниран буквално секоја година за Нобеловата награда, почнувајќи од 1993. Како причини поради кои ја понел оваа престижна награда, кралската академија ги наведе големите философски теми кои се опфатени во неговите стихови, како прашањата за смртта, историја, спомените и природата. По прифаќањето на наградата, речиси веднаш биле преведени првите два тома од Томасовата поезија на повеќе странски јазици. Инаку, Транстромер е 108-от добитник на ова признание, и првиот Швеѓанец од 1974 год.[2]

Дела[уреди]

  • 17 поеми (1954)
  • Тајни на патот (1958)
  • Неодвршениот рај (1962)
  • Звуци и шини (1966)
  • Патеки (1973)
  • Балтик (1974)
  • За живите и за мртвите (1989)
  • Тажната гондола (1996)
  • Големата загатка (2004)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]