Томас Симор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томас Симор
Барон
Thomas Seymour, Baron Seymour from NPG.jpg
Сопружник Катерина Пар
Татко Џон Симор

Томас Симор (1508 - 20 март 1549) бил англиски војвода, син на Џон Симор, помлад брат на Едвард Симор и постар брат на Џејн Симор и вујко на Едвард VI.

Во 1543 година починал Џон Невил, оставајќи огромно богатство на својата сопруга Катерина Пар. Томас имал намера да ја запроси, но веднаш по смртта ова го направил англискиот крал Хенри VIII. По ова, Томас бил принуден да се повлече од таа идеја. По смртта на Хенри во 1547 година, англискиот трон бил наследен од страна на Едвард VI, а Едвард Симор станал негов регент. Односите помеѓу браќата се влошиле кога Едвард станал регент. Во меѓувреме, по смртта на Хенри, кралицата Катерина станала најбогатата жена во Англија.

Истата година, Томас се оженил за Катерина, но имал и планови доколку ја надживее Катерина, тој да се ожени за идните Марија I или Елизабета I, на кој начин би станал крал на Англија. Елизабета на своите четиринаесет години останала сирак, па Катерина Пар ја посвоила. Томас започнал да и се приближува на малата Елизабета, но кога ова го открила Катерина, таа била однесена во Хатфилд. Во 1548 година, Катерина починала, а Томас продолжил со своите планови.

Но Томас бил откриен во своите намери и бил уапсен, и на 20 март 1549 година погубен.