Томас Болејн
| The Right Honourable Ерл од Вилтшир KG |
|
|---|---|
| Во служба 1530 – 1536 |
|
| Монарх | Хенри VIII |
| Претходник | Катберт Танстал |
| Наследник | Томас Кронвел |
| Во служба 1521 – 1525 |
|
| Монарх | Хенри VIII |
| Претходник | Едвард |
| Наследник | Вилијам ФитцВилијам |
|
|
|
| Роден(а) | 1477 Хеверска палата Кент Кралство Англија |
| Починал(а) | 12 март 1539 (на 61–62 г.) |
| Погребан(а) во | Црква Свети Петар Кент |
| Родено име | Thomas Boleyn |
| Националност | |
| Сопружник | Елизабета Хауард |
| Роднини | Вилијам Болејн (татко) Маргарита Болејн (мајка) |
| Деца | Марија Болејн Ана Болејн Џорџ Болејн |
| Живеалиште | Хеверска палата |
| Занимање | дипломат, политичар |
Томас Болејн ( 1477 - (12 март 1539 бил англиски дипломат, прв Ерл од Вилтшир како татко на англиската кралица Ана Болејн и дедо на Елизабета I.
Негови родители биле Вилијам Болејн и Маргарита Болејн. Тој се оженил со Елизабета Хауард, ќерка на Томас Хауард, од кој брак се родиле:
Томас Болејн бил еден од најголемите дипломати во времето на Хенри VIII, кој познавал неколку европски јазици. Тој бил миленик на Хенри VII. Томас Болејн успеал да шармира многу влијателни личности, вклучувајќи ја и надвојводката Маргарет од Австрија, ќерката на Максимилијан I, Светиот римски император. Во овој период, таа владеела со Холандија на местото на нејзиниот татко и била толку многу импресионирана од Болејн што ѝ понудила на ќерка му Ана место во нејзиниот дворец. Во 1525 година се здобил со титулата војвода од Роксфорд, а во 1527 со титулата гроф од Ормондеа. Во 1529 година пак, благодарение на својата ќерка Ана, која станала кралица на Англија, се здобил со титулата гроф од Вилтшир. Во 1533 година, неговата ќерка се омажила за Хенри VIII, но по три години била погубена заедно со својот брат Џорџ. Во текот на останатиот живот, Томас го поминал во мирување, надвор од политичкиот живот.