Титанобоа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жив свет
Титанобоа
Илустрација на титанобоа од Нобу Тамура
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Удави
Потсемејство: Удави
Род: Титанобоа
Head et al., 2009
Вид: Титанобоа
Научен назив
Титанобоа Titanoboa cerrejonensis'
Head et al., 2009

Титанобоа (науч. Titanoboa = „титански удав“) — род змии од семејството удави, кои живееле пред околу 60 до 58 милиони години, во периодот палеоцен.[1] Единствениот познат вид од овој род е серехонската титанобоа (Titanoboa cerrejonensis), која претставува најголемата досега откриена змија.[1] Споредувајќи ги големината и обликот на фосилизираните пршлени на оваа прастара змија со пршлените на денешните змии. Била долга од 12 до 15 метри, а тежела над еден тон (~1.135 кг).

Фосилите на 28 единки се пронајдени во 2009 во јагленокопот Серехон во северна Колумбија.[1][2] Пред ова откритие, во топските предели на Јужна Америка биле пронајдени само мал број на фосилизирани ’рбетници од палеоценот.[3]

Змијата била откриена во експедиција на група меѓународни научници преводена од Џонатан Блох, специјалист по ’рбетничка палеонтологија при Универзитетот на Флорида, и Карлос Хатамиљо, палеоботаничар од Смитсоновиот тропски истражувачи институт во Панама.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Квок, Роберта (4 февруари 2009). „Научниците ја најдоа најголемата змија на светот“. Nature. Посетено на 4 февруари 2009.
  2. Head, Jason J.; Џонатан И. Блох, Александар К. Хестингс, Џејсон Р. Бурк, Едвин А. Кадена, Фабијани А. Херера, П. Дејвид Поли и Карлос А. Харамиљо. „Џиновска удавна змија од палеоценските неотропици зборува за некогаш повисоки температури на екваторот“. Nature. 457: 715–718. Посетено на 5 февруари 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Мо II, Томас Х. (4 февруари 2009). „Фосил на суперзмијата титанобоа од 43 стапки пронајден во Колумбија“. Los Angeles Times. Посетено на 4 февруари 2009.
  4. „Со 2.500 фунти и 43 стапки, праисториската змија е најголемата досега забележана“. Science Daily. 4 февруари 2009. Посетено на 4 февруари 2009. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]